Ова е MV Agusta Superveloce Alpine, супер ексклузивна, лимитирана верзија на ретро супербајк моделот на MV.

За оние кои не знаат, Alpine е Француски производител на спортски автомобили кој прв пат се појави кон средината на педесетите години од минатиот век. Најголемиот успех го постигаа во седумдесетите години со моделот A110, автомобил кој победи на релито Монте Карло во 1971 година.

Нивните автомобили имаа неколку различни мотори а победничкиот автомобил беше креиран во соработка со Renault, партнерство кое трае и денеска. Пред неколку години Alpine повторно го произведе A110, овој пат како модерен спортски автомобил. А токму тој е инспирација за Superveloce Alpine.

MV Agusta Superveloce 2

Голем број од нивните клиенти исто така се фанови и на MV Agusta, вели Тимур Сардаров, извршен директор на MV Agusta. „Superveloce Alpine ќе ги спои овие два света во однос на дизајнот и стилот.“

„Со нетрпение чекаме да почне соработката со еден од најпочитуваните брендови во светот на мотоспортот. Убедени сме дека оваа нова, лимитирана, верзија ќе биде пречекана со голем ентузијазам од сите возачи и фанови на мотоциклите.“

Што е променето? Всушност, нема многу измени но оние работи кои се променети се променети на подобро. Суштината на мотоциклот е иста. Ја имате истата шасија, изглед, 798cc triple мотор кој има 146bhp и електроника. Променети се само некои мали детали. На пример бојата која сега е сина. Но тоа не е било која сина боја туку Abyss Blue, истата боја која ја имаше A110 и која воодушевуваше генерации на фанови на Alpines. Седиштето е исто така ново и дизајнирано на таков начин да ја пресликува внатрешноста на познатиот автомобил.

MV Agusta Superveloce 1

„MV Agusta е симбол на Италијанската изработка и техника“, вели Патрик Мариноф, директор на Alpine. „Нашите два бренда се водени од истата страст за создавање на убаво дизајнирани производи кои предизвикуваат уникатни емоции кај нашите клиенти. Superveloce Alpine е одлична комбинација на дизајн и технологија која не прави никакви компромиси кога станува збор за перформансите. “

Нешто како ова функционира само ако е лимитирана верзија и затоа MV одлучија да направат само 110 примероци. Но многу поважно од бројот на мотоцикли е нивната цена. Superveloce Alpine ќе ве чини 36,300 евра. Во цената се вклучени и тркачките додатоци.

Back To Top