Honda објави уште еден модел од линијата на мотоцикли за сезоната 2021. Големи промени има кај Vision 110.

Опремен со нов изглед, LCD дисплеј и палење без клуч, овој скутер исто така има и нова шасија, мотор и е за 2 килограми полесен.  Скутерот за прв пат се појави на пазарот во Европа во 2012 година,  а последната генерација ќе има редизајниран, Euro5, 109.5cc 'enhanced Smart Power', two-valve air-cooled, fuel-injected SOHC мотор.

Произведувајќи 8.6bhp при 7500rpm, моторот може да се пофали и со зголемување од 5 % во однос на ефикасноста. Во теорија, со полн резервоар би можеле да поминете 260 километри. Под седиштето имате простор од 17.7 литри.

honda vision 110 2

Сето ова е постигнато благодарение на stop/start технологијата која исто така може да се најде и кај другите скутери на Honda, како на пример PCX125. Ќе биде достапен во четири бои.

Скутерот има нова, лесна, челична рамка која дополнително ја намалува тежината. Колку само за споредба, тој е за 30 килограми полесен од Honda CB125R. Суспензијата не е прилагодлива а алуминиумските бандажи остануваат исти. Големината на пневматиците изнесува 80/90x16 и 90/90x14. Предните дискови како и задните „drum“ сопирачки се исто така комбинирани. Наскоро очекувајте и повеќе инфомации за овој скутер.

Back To Top