(Време на читање: 1 - 2 минути)


Во светот на мотоциклизмот постојат производители кои ги следат трендовите, но и такви кои едноставно одат по својот пат. Italjet дефинитивно припаѓа на втората група, а неговиот настап на годинешното издание на EICMA во Милано беше уште една потврда за тоа.

Додека повеќето производители ги изложуваа своите новитети на класични саемски штандови, Italjet дел од својот простор го претвори во уметничка галерија. Во позлатени рамки на ѕидовите беа поставени интерпретации на „Мона Лиза“, „Крик“, „Раѓањето на Венера“ и „Ѕвездена ноќ“, дел во кој свое место најдоа и скутерите на Италџет.

italjet eicma 14

Во центарот на оваа необична поставка се најде Italjet Roadster 400, модел кој ги спојува ретро естетиката, модерната технологија и препознатливиот индустриски дизајн на брендот. Заоблените линии, видливите механички компоненти и необичните пропорции му даваат карактер кој тешко може да се спореди со кој било друг скутер на пазарот.

На сосема спротивната страна од дизајнерскиот спектар се моделите од семејството Dragster. Агресивни линии, изложена цевчеста рамка, спортски компоненти и тркачки графики инспирирани од Gresini Racing и Malossi. Посебно интересен е Dragster 459 Twin, кој со својот двоцилиндричен агрегат од 449 кубни сантиметри, 48 КС и системот SmartShift дополнително ја замаглува границата помеѓу скутер и спортски мотоцикл.

italjet eicma 3

Дали ваквиот дизајн ќе му се допадне секому? Веројатно не, но токму во тоа е и неговата убавина. Во индустрија во која сè повеќе модели наликуваат еден на друг, Italjet покажува дека сè уште има простор за експериментирање, индивидуалност и малку италијанска лудост.

Пријавете се за да ги добивате најважните содржини двапати неделно директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: