(Време на читање: 2 - 4 минути)


За неполни 10 минути бевме кај него во гаража. Јас, он, Јамахата и Бочки. Демонтирање на предното тркало, вадење на лагерот. Koyo. Апсолутно све си е у ред со него. Супер лагер. Нов, сѐ уште. Нов мотор – нов лагер. (Многу мала километража имаше Јамахата.)

Сепак нешто не беше во ред. Давачот. Давачот за километража. Сајлата каде што влегува. Запечено и „исушено“. Гребењето доаѓало од тамо. Додека возиш, стрелката „спие“, ипак дефектот е у километражата и тоа е одлична вест!

5570fdfb 9be1 4ba9 8f44 e2fed0df5cb3

Сале го растури и убаво го подмачка со густа маст и сѐ (повторно) беше во најдобар ред. Патем, сѐ уште со давачот, сѐ е во најдобар ред. И со лагерот. По 20 и една година и 80,000 км и лагерот и давачот функционираат беспрекорно. Задниот лагер отиде накнадно (човечки фактор е причината) и 2017. во Трелеборг, Шведска, го сменив со SKF.

***

Mission Status: Јас и Јамахата сме у Скопје; Дефектот саниран; Моторот испран и паркиран; Јас сѐ уште – не доволно одморен... и ѝ ѕвонам на Маре, жена му на Зоки-Бурек. Она има врски у Романска Амбасада.

Доаѓа кај сестра ми, ѝ ги зима пасошите. Недела е и ми вели, утре веднаш кога ќе има било каква информација, ќе ме бара. Работниот ден тука завршува и конечно можам со најблиските, во домашна атмосфера да се одморам и стабилизирам.

Утредента ми ѕвони Маре. Ќе биде работава. Но ќе треба да се почека. Немам трпение... спремен сум и расположен за вожња... Конечно, околу 3 попладне точам гориво на АМСМ, пасошите се у мене, над резервоар, у торба и на Боби, на Игор, брат му, му праќам смс: -пасошите се у мене, визирани. Стаив гориво и сега ќе убацам у прва-. Тоа му го пишав, дека буквално, така и беше.

Вожњата која следеше, мислам дека беше една од најубавите кои сум ги имал у животов. Прекрасно јулско попладне, чисти патишта, скоро ич коли... На граница. Поздрав со граничните служби на двете страни, веќе сме стари пријатели.

Возам низ Бугарија и уживам. Предвечерие. Застанав на една OMV бензинска во Стара Загора. Влегов внатре, си седнав на шанкчето, пијам Beck's. Си праам убао муабетче со девојката од другата страна на шанкот... Низ стерео уредот Стинг пее: Let your soul be your pilot... Некои чувства тешко се опишуваат и (најверојатно) поубаво е што е така.

***

Седиме у Варна у ноќен клуб. Главна ѕвезда сум. Барем јас себеси така се доживувам. У 4 сабајле, неколку мотори што сме, се враќаме у смештајот.

У 7, Зрно ми тропа на врата. Веќе е во своето кожно одело и спремен за старт. Практично, со својот изглед ми посочува дека и јас треба да сум. Но мамурлакот и главоболката ме одвраќаат од сето тоа. Осеќам: денот кој (ќе) следи, ќе е повеќе од напорен.

Возиме низ Романија... Констанца... продолжуваме кон Молдавија. (Никогаш не сфатив зошто Зрно одбра да возиме низ Молдавија.) Патиштата во Романија се ужасни. Возиме у група, динамично и енергично. Тешко возможно е да ги промашиш сите дупки, така да јас мавам у една и предното тркало, бандажот, го оштетувам. Овој настан ме убаци у инстант депресија.

Депресијата продолжи во текот на целиот ден. За улаз у Молдавија чекавме некои 4,5 саати. Тежок комунизам. Цајкани со некои чудни капи, еден метар широки. Како чадори на тоа глаите да имаа. $60 амерички, визата. Молдавската. Лудило.

Конечно, касно попладнето влеговме во државата. Околу 170 километри имаме до главниот град, Кишињев. Го поминавме за едно 3, 4, 5 саати. Појма немам. Дупки и дупки. И од време на време, асфалт, али од времето на Стаљин. Тотално уништен пат. Нема друг. Тој е главниот.

Мимо тоа, секое застанување, дури и успорување, околу тебе веднаш се ствараат секакви индивидуи и деца и те гледаат како да си некој посетител од некоја друга планета. Те опкружуваат и дури и ти седат на задното седиште и те молат да ги повозиш. Сега не ми текнува, кому му се случи токму ова.

Касно вечерта, влеговме во Кишињев. Уште на улаз у градот бевме опкружени од полициска придружба и „спроведени“ до централниот хотел National. Како и во претходните прилики, кога бевме во интеракција со молдавската комунистичка милиција, нашите документи беа детално прегледани и прочешлани.

Се паркиравме пред хотелот и за неполни три минути бевме опкружени со Молдавки, кои, како што ни објаснија, сакаат многу да се дружат со моторџии или воопшто, лица од западниот дел на Европа, а ние, токму, како такви сме им изгледале.

… To be continued   -продолжува-


Ако го пропуштивте, првиот дел е овде.
Ако го пропуштивте, вториот дел е овде.
Ако го пропуштивте, третиот дел е овде.

bobiПроф. Боби Иванов,
Магистер по Филозофија

 

Ставовите и мислењата изразени во категоријата Колумни се на авторите и нужно не ги одразуваат официјалните позиции на Мотори.ком.мк

Пријавете се за да ги добивате најважните содржини двапати неделно директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: