Чекањето заврши и Harley-Davidson Pan America 1250 ќе го има своето деби во февруари 2021 година, открија од компанијата.

Harley-Davidson Pan America 1250 конечно ќе го има своето деби, соопштија од компанијата. Тоа ќе се случи на 22-ри февруари 2021 година и доаѓа речиси три години откако Американската компанија го најави овој модел.

Во тој период, Harley-Davidson го отпушти извршниот директор Метју Леватич и го замени неговиот “More Roads” со актуелната „Rewire“ шема. Голем дел од претходно најавените модели сега се повлечени.

Но ADV проектот остана, можеби поради фактот дека развојот кај него беше најголем во периодот кога компанијата го престави новиот извршен директор.

2020 Harley Davidson Pan America 14

Што можеме да очекуваме од 2021 Harley-Davidson Pan America 1250? Тоа е добро прашање.

Веќе знаеме дека Pan America ќе го има 60° liquid-cooled v-twin моторот кој може да произведе повеќе од 145hp и 90 lbs•ft of torque.

Бројот на коњски сили не е нешто посебно но бројот на вртежи ни сугерира дека станува збор за моќен мотор.

Исто како што веќе имаме видено во супербајк секторот, рамката на Harley-Davidson Pan America се развива директно од моторот. Но ова прв пат го има во авантуристичкиот сектор и ќе биде интересно да се види колку ќе биде ефективен овој распоред за време на оф роуд возењето.

Компанијата засилено ја промовира оваа машина на социјалните медиуми. Останува да видиме каков ќе биде потенцијалот на овој мотоцикл. Ќе биде интересно да се види и која ќе биде цената но за тоа ќе мораме да почекаме уште неколку месеци.

Back To Top