Сите работи кај R18 крузерите на BMW се огромни.

Клиповите се огромни а вентилите се пошироки отколку цилиндерот на некој помал крузер, на пример Yamaha XVS125. Од BMW најавуваат уште два поголеми модели за сезоната 2022.

Следните два R18 модели, наречени R18 B и R18 Transcontinental ќе бидат огромни дури и во споредба со актуелниот R18 и R18 Classic. За неговите димензии можат да сонуваат дури и најголемите модели на Harley.

BMW R18 txt 1 09 04

На интернет веќе се појавија слики кои го откриваат изгледот на R18, машина која ќе биде фокусирана на туринг возење. Сега се појавија и документи кои BMW ги поднесе во Европа и САД каде се гледаат техничките детали. Мотоциклот кој се гледа на фотографиите е R18 B. Буквата B најверојатно значи 'Bagger' а на оваа машина ќе и се приклучи и уште една поголема верзија наречена 'Transcontinental'.

Во однос на големината, моделот B е долг 2560 милиметри, што го прави за 85 милиметри подолг од Honda Gold Wing. Верзијата Transcontinental, која се очекува да има кутија за багаж позади, е долг 2640 милиметри.

BMW R18 txt 2 09 04

Приказната е иста и во однос на ширината. Според документите ширината на двата модели изнесуваа минимум 930 милиметри а максимум 970 милиметри. Кај Gold Wing оваа бројка изнесува 925 милиметри.

Како што се очекуваше, ниту еден од моделите нема да биде лесен. Актуелниот R18 тежи 345 килограми а верзијата Classic тежи 365 килограми.

Колку само за споредба, R18 B се очекува да тежи околу 400 килограми додека пак верзијата Transcontinental веројатно ќе тежи 430 килограми со полн резервоар гориво.

BMW R18 txt 3 09 04

Овие бројки веројатно ќе варираат во однос на опциите. Според документот, заинтересираните ќе можат да одберат и помеѓу неколку големини на тркалата, 19 или 21 инчни напред и 18 или 16 инчни тркала позади. И двете ќе бидат „wire spoked“ и „cast alloy“.

BMW R18 Baggers

Нискиот „batwing“ кој го има кај R18 B, кај моделот Transcontinental е заменета со повисока верзија.

Моќноста и бројот на вртежи останува непроменет со 91hp при 4750rpm и 116.5lb.ft при 3000rpm.

Резервоарот е поголем во однос на актуелниот R18.

Новата шасија вклучува продолжен „headstock“ дел како и поостар агол на вилушката отколку кај R18 cruiser.

Четири аналогни екрани се наоѓаат над големиот TFT екран. Стерео звучниците како и радарски сензор може да се најдат над предното светло.

Back To Top