Актуелната верзија на GSX-S1000 е стара нешто повеќе од три години, но и таа беше подобрена верзија на моделот од 2015-та година. Затоа не не изненадува одлуката на Suzuki да направи нови промени.

Очекувавме мотор кој ќе биде во согласност со Euro5 правилата и скромни промени но одлуката на Suzuki да додаде аеродинамични крилца ни укажува на тоа дека многу поголем труд е вложен во оваа надградба.

Исто така, очекувавме и моторот да добие малку поголема моќност, иако не се надевавме дека ќе биде приближно на 200bhp колку што може да се најде кај машините денеска. Очекувавме и дека со него ќе можеме да поминеме повеќе километри и да го употребат истиот трик што веќе го имаат искористено кај Hayabusa и V-Strom 1050.

new Suzuki GSX S1000 main 14 04

Со новиот мотор најверојатно доаѓа и нов електронски пакет кој вклучува cornering ABS, контрола на тракцијата, контрола на патувањето. Очекувајте и нов менувач.

new Suzuki GSX S1000 txt 14 04

Рамката и задната вилушка најверојатно ќе останат непроменети но би требало да има големи промени во однос на суспензијата. Покрај новите крилца, на видеото може да се види дека мотоциклот доби и ново предно светло. Исто така очекуваме и нова боја, слична на Katana.

Препорачаната цена на производителот за актуалната верзија на GSX-S1000 изнесува 12.300 евра додека пак Katana се продава по цена од 13.200 евра. Претпоставуваме дека новиот модел ќе се најде некаде помеѓу.  На 26-ти април Suzuki ќе открие повеќе информации.

Back To Top