Suzuki почна да објавува информации за GSX-S1000.

Видеото кое се појави на интернет ни открива некои интересни работи во однос на дизајнот на мотоциклот а неговото име пак ни укажува на тоа што можеме да очекуваме.

Но најинтересно е тоа што оваа нова и подобрена машина, на пазарот ќе се најде на 26-ти април и најверојатно ќе биде модел за сезоната 2022.

Што можеме да очекуваме од новиот GSX-S1000 ? Тоа е добро прашање. Според дел од фотографиите можеме да видиме дека има нов дизајн како и предни LED светла кои се составени од три елементи.

2022 Suzuki GSX S1000 teaser 08 scaled

Можеме да очекуваме и неколку површни промени. Но со оглед на работата што Suzuki ја направи кај Hayabusa, тоа можеби е и очекувано.

Но можеби Јапонската компанија ќе воведе робусен електронски пакет, кој сигурно ќе биде добро прифатен, со оглед на тоа дека оваа линија сериозно заостанува во однос на ривалите на Suzuki.

2022 Suzuki GSX S1000 teaser 01 scaled

Само се надеваме дека компанијата нема да го промени она што најмногу не привлекува кај GSX-S1000 а тоа е неговата цена.

Цената од 9.300 евра сосема одговара за овој литарски streetfighter. Но како што веќе видовме кај Hayabusa, дополнителните додатоци можат да ја зголемат цената на мотоциклот.

Back To Top