Реа и ZX-10RR беа подобри од Кал и М1 на патеката во Арагон.

Супербајк и МотоГП на иста патека за време на дво-дневните тестови. Уникатна можност да се видат двете класи заедно на иста патека.

Штета за проблемите кои ги направи лошото време, комплицирајќи го почетокот на денот иако временските услови подоцна се поправија. Но и ова не ги спречи Џонатан Реа и Kawasaki да покажат што умеат. На крајот тие постигнаа резултат од 1.49.3398. Реа и неговиот ZX-10RR на крајот беа подобри за една десетинка од Кал Кратчлоу кој возеше со М1. Севкупно беа извозени 65 круга.

Rea Aragon txt 26 04

Кратчлоу и Yamaha мораше да се задоволат со второто место и време од 1.49.460. На третото место се најде уште еден мотоцикл на Kawasaki, а со него возеше Алекс Ловс. Тој постигна време од 1.49.470.

Дани Педроса и КТМ исто така поминаа одреден период на патеката. На крајот тие извозеа 42 круга а најдоброто време кое го постигна Педроса изнесуваше 1.49.912, што му овозможи да дојде до четвртото место. Веднаш зад него се најде Герет Герлоф и Yamaha R1 со време од 1.50.557. Мораме да напоменеме дека Американскиот возач повеќе беше фокусиран на темпото отколку на тоа да постигне најдобар резултат.

Истото се однесува и на Андреа Локатели кој заврши на шестото место. Веднаш зад него следуваа Нозане со R1 како и Понсон кој возеше со Yamaha Asltare.

Тие утре повторно ќе се вратат на патеката кога ќе се оддржи вториот и последен ден од тестовите. Се надеваме само дека ќе ги послужат временските услови иако според тамошната метеоролошка служба се очекува повторно да врне.

Back To Top