Motul ја зголемува присутноста во светот на мото трките преку популарниот Светски мотокрос шампионат MXGP во соработка со фабричкиот тим на Хонда, HRC.

FIM MXGP Evgeny Bobryshev Team HRC Honda CRF 450 Honda Racing Corporation

Motul ја зголемува присутноста во светот на мото трките преку популарниот Светски мотокрос шампионат MXGP во соработка со фабричкиот тим на Хонда, HRC.

За тимот на Хонда годинава ќе настапуваат Евгениј Бобришев и Гутје Полан, за техничкиот дел ќе се грижат Италијанците од тимот на Паоло Мартини, а тимот ќе има поддршка и од инженерите на HRC од Јапонија. Хонда вложува се повеќе средства во развојот на својот тим во мотокрос шампионатот, па затоа годинава се одлучи за соработка со светски познатиот производител на моторни масла Motul.

Благодарение на соработката помеѓу HRC и Motul, тимот ќе има прилика да биде под надзор на Жан-Мишел Бејл, двократен Светски шампион во класите 250 и 500цц. Бејл кој е амбасадор на Мотул е назначен за спортски менаџер на HRC, а притоа тој ќе биде и тренер на двајцата возачи.

MXGP шампионатот започнува на 28-ми февруари во Катар, а сезоната во која се возат 18 трки завршува во Франција на 27-ми септември.

Back To Top