Игор Спиров - Зизи во недела ќе учествува на трка од отворениот Српски шампионат во брзински мотоциклизам која ќе се вози на патеката Поникве во Ужице.

zizi1

Игор Спиров - Зизи во недела ќе учествува на трка од отворениот Српски шампионат во брзински мотоциклизам која ќе се вози на патеката Поникве во Ужице.

Викендов на програмата е првата трка од Српскиот шампионат на кој оваа сезона ќе настапува и нашиот Игор Спиров - Зизи. Паралелно со Српскиот шампионат во брзински мотоциклизам Спиров кој има намера да го вози целото првенство, ќе настапува и на трките од ИЕШ.

Овој викенд требаше да се вози трка од Источно-Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам на патеката Батајница во Белград, но заради проблемите на организаторот со војската (Батајница е воен аеродром н.з.) трката е откажана. Според  информации од српските возачи повеќе на Батајница нема да бидат организирани трки.

Како замена за оваа трка Мото Сојузот на Србија ја понуди новата патека на аеродромот Поникве во близина на Ужице. Беше организиран и слободен тренинг на кој присуствуваа делегати од ФИМ со цел да извршат инспекција на стазата и да дозволат одржување на трка од Источно-Европскиот шампионат на оваа патека како замена за Батајница, но сеуште нема никаков одговор. 

Едно е сигурно, во недела на Поникве ќе има трка, МСС организира трка од Српски шампионат во брзински, а постои мала веројатност да се одржи и трка од Источно-Европскиот шампионат. Во секој случај ние ќе бидеме таму, ќе го проследиме Зизи во она што за него ќе биде прва трка во борбата за Српскиот шампионат и подготовка за преостанатите 5 трки од ИЕШ.

Според календарот за брзински мотоциклизам во ИЕШ преостануваат следните трки:

  • 01.06 - Плевен, Бугарија
  • 15.06 - Плевен, Бугарија
  • 27.07 - Плевен, Бугарија
  • 21.09 - Србија (треба да се одреди патека наместо Батајница)
  • 02.11 - Серес, Грција
Back To Top