(Време на читање: 2 - 3 минути)


Марк Маркез сега и официјално се знае дека прoдолжува со Ducati Lenovo Team и во следната ера на MotoGP. Италијанскиот производител потврди дека седумкратниот светски шампион потпишал нов договор со кој ќе остане дел од фабричкиот тим и во сезоните 2027 и 2028. 

Минатата недела, пред почетокот на трките во Брно, Дорна, или по ново MotoGP Group објавија дека конечно го потишале новиот петгодипен договор за соработка со 5-те производители на мотори. Ова беше повеќе од јасен знак дека после Гран При-то во Чешка ќе следат серија од официјални обајви за новите договори. Веќе со месеци се шпекулираше за тоа кој возач каде ќе оди за следната сезона, но од денес работите почнуваат да стануваат и официјални. Прв во редот, се разбира, е актуелниот шампион. 

fceee3d70b4c9d028f0672838928faf1 l

Продолжувањето на соработката доаѓа по исклучително успешната прва сезона на Шпанецот во боите на Италијанскиот бренд. Во 2025 година Маркез се врати на врвот на светскиот шампионат, освојувајќи ја својата седма титула во кралската класа на MotoGP. На патот до шампионскиот трофеј забележа 14 победи во спринт трките и 11 Гран При триумфи, додека титулата ја обезбеди уште пред крајот на сезоната во Јапонија, поставувајќи и рекорд по број на освоени поени во една сезона.

Оваа сезона не ја започна според очекувањата поради повреда, но месецов успеа да го намали заостанувањето во генералниот пласман благодарение на последователните победи на Балатон Парк и Брно. Триумфот во Унгарија имаше и дополнителна симболика, бидејќи претставуваше 100-та победа на Ducati Lenovo Team во MotoGP, а воедно и 100-та победа во кариерата на Маркез во сите класи на светскиот шампионат. 

„Среќен сум што ќе продолжам да бидам дел од семејството на Ducati Lenovo. Кога решив да му се приклучам на Дукати, верував дека тоа е најконкурентниот проект. Тие веруваа во мене и заедно изградивме однос заснован на доверба и напорна работа. Во првата заедничка сезона се боревме за титулата и ја освоивме, што потврди дека сме го избрале вистинскиот пат“, изјави Маркез по официјалната објава за новиот договор. 

Од Дукати не ја криеја својата желба да ја продолжат соработката со еден од најуспешните возачи во историјата на спортот. Извршниот директор на Ducati Motor Holding, Клаудио Доменикали, истакна дека продолжувањето на договорот било природен избор по извонредните резултати постигнати заедно, нагласувајќи дека Маркез совршено ги отсликува вредностите и менталитетот на брендот.

Генералниот менаџер на Ducati Corse, Луиџи Дал’Иња, додаде дека довербата отсекогаш била темел на односот меѓу двете страни и потенцираше дека Маркез одиграл значајна улога во развојот и максимизирањето на потенцијалот на Desmosedici GP мотоциклот. 

Со новиот договор, Дукати обезбедува стабилност за следниот технички циклус во MotoGP, додека Маркез добива шанса да продолжи да пишува историја во боите на тимот со кој повторно се врати на шампионскиот трон.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: