Мотоцикли

Yamaha XSR900 ем нов ем ретро

Yamaha не се плаши од храбри потези особено кога е во прашање дизајнот. Тоа особено ни стана јасно по The Dark Side of Japan дијанот кој сега гордо го носи MT линијата од овој производител. Но сега, на ред е нов храбат потег, во сферата на класичните дизајни. Модерен изглед кој ја најавува новата сезона на популарните нео/трето модели. Запознајте го Yamaha XSR900 2022. 

Следете нè на:

Yamaha не се плаши од храбри потези особено кога е во прашање дизајнот. Тоа особено ни стана јасно по The Dark Side of Japan дијанот кој сега гордо го носи MT линијата од овој производител. Но сега, на ред е нов храбат потег, во сферата на класичните дизајни. Модерен изглед кој ја најавува новата сезона на популарните нео/трето модели. Запознајте го Yamaha XSR900 2022. 

2022 Yamaha XS850 EU Legend Blue Action 010 03

Оваа категорија на мотори веќе сериозно си го најде своето место на пазарот, моќни, стиулски, полни со карактер и што е најважно од се погодни за прилагодување на изгледот по индивидуална мерка. Тоа е се што мораше да земе Yamaha предвид пред да го претстави новиот XSR900 за да не ја разочара постоечката лојална база на фанови. 

Последниот апдејт се карактеризира со почист поостар дизајн инспириран од моторите од 80тите. Минимималистичкиот пристап го разбива мускулестиот резервоар за гориво и страничните панели за вентилација кои како да го повикуваат секој нов сопственик да измисли нешто свое околу нивниот изглед. 

2022 Yamaha XS850 EU Legend Blue Static 003 03

Храбрата нова естетика е постигната благодарение на модерниот пристап на стариот Делтабокс дизајн на шасијата која се провлекува во моделите на Yamaha od 1980тите. Со ниско поставениот издув, помала тежина на свингармот и зајакнат стегач новата шасија е полесна но во исто време и поцврста, дизајнирана да ја подобри стабилноста на самиот мотор притоа да не ја жртвува агилноста на истиот. 

2022 Yamaha XS850 EU Legend Blue Action 001 03

2022 Yamaha XSR900

Целиот мотор е развиен на платформата на MT-09, со CP3 агрегатот кој има 117КС и 93Nm. Тука е и котролата на пролизгување и тракција како и темпомат. Под новиот дизајн разбирливо стои срцето на  
 
Yamaha внимавале и на детали, а тоа се гледа по некои ситни елементи кои треба суптилно да ја направат разликата, како на пример капачето на филтерот, вилушките, скриеното задно лед светло, алуминиумските жичани бандажи и скеако големиот крижен лед фар напред. 
 

Би можело да ве интересира

Дали MotoGP е навистина најпосакуваниот мото шампионат меѓу возачите? 

MV Agusta преку проектот Lucky Explorer влегува во популарната Adventure категорија!

По стапките на поголемиот брат и помалиот Versys го менува својот изглед и доби некои нови „гаџети”

После 6 сезони имаме неизвесен финиш пред последниот викенд во Малезија. Razgatlioglu или Rea? Кој ќе биде шампион оваа година?

По неизвесноста околу спонзорот и дали воопшто новиот VR46 Racing тим ќе се појави следната година во MotoGP шампионатот, еве добра вест. VR46 Ducati ќе има во MotoGP!

Денес го испраќаме Роси. Денес во Валенсија легендата, Валентино Роси, се збогува од спортот и натпреварувањето кое за многумина беше синоним со неговото име. Пред да го испратиме во светот на трките на 4 тркала, еве листа на факти која вчера беше објавена на MotoGP.com

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.