Мотоцикли

Конечно официјално најавен Husqvarna Norden 901

По скоро цели две годнини, тизери, најави, неофицијални слики и видеа, конечно Husqvarna собра храброст и го претстави Norden 901 и тоа во сабота!

Следете нè на:

По скоро цели две годнини, тизери, најави, неофицијални слики и видеа, конечно Husqvarna собра храброст и го претстави Norden 901 и тоа во сабота!

husky norden 901 7

Скоро и да нема што ново да се каже, освен да се поботри се она што се оечуваше и веќе беше најавено за овој модел. Norden 901 е базиран на KTM 890 Adventure, но има различен, повеќемина би рекле далеку поубав, дизајн кој напред го краси уникатниот лед преден округол фар.  

Градбата на телото е насочна да му овозможи лесна управливост на тешки терени на познатиот KTM паралелен двоцилиндарец со 889cc кои производува 103,9 КС и 73,4 lb.ft. Рамот е повотрно наследен од сестринскта компнија, KTM, но кај Norden 901 аголот на предната дел е поагресивен и треба да овозможи поголема агилност на самиот мотор во кривини. Суспензијата е повторно онаа која ја има KTM 890, станува збор за WP Apex, но кај 901 одот е малку зголемен, поточно за 20 мм напред и 15мм назад. 

norden 901 03

Висината на седиштето може да биде 854 или 874мм а истото се стеснува на предниот дел кон резервоарот за да овозможи возачите посигурно да може да застанат со двете нозе на земја.   

norden 901 02

електрониката ја контролира IMU со шест оски а тука е и корнеринг ABS на J.Juan кочниците и системот за спречување на подигнување на предното тркало. Контролата на прлизгување може да се менува во 9 нивоа, но за да се дојде до таа опција мора да се стави моторот во т.е. Explore мод. На жичаните тубелес фелни Husqvarna има монтирано Pirelli Scorpion Rally STR гуми. 

norden 901 01

Пакетот со електронски функции вклучува и темпомат, квикшифтер и три модови за возење. Пред возачот стои 5 инчен TFT екран кој може да се поврзе со наменската апликација и да се користи и за навигација, без мапа, само со наведување. 

 norden 901 04

За крај, додека не каже некој какво е искуството да се вози Norden 901 останува само да претпоставиме дека по толку најави сепак ова Хаски е само убаво издизајниран KTM 890 Adventure, а дека е убав, убав е! Иако нели за вкусови не се дискутира. 

Би можело да ве интересира

Дали MotoGP е навистина најпосакуваниот мото шампионат меѓу возачите? 

MV Agusta преку проектот Lucky Explorer влегува во популарната Adventure категорија!

По стапките на поголемиот брат и помалиот Versys го менува својот изглед и доби некои нови „гаџети”

После 6 сезони имаме неизвесен финиш пред последниот викенд во Малезија. Razgatlioglu или Rea? Кој ќе биде шампион оваа година?

По неизвесноста околу спонзорот и дали воопшто новиот VR46 Racing тим ќе се појави следната година во MotoGP шампионатот, еве добра вест. VR46 Ducati ќе има во MotoGP!

Денес го испраќаме Роси. Денес во Валенсија легендата, Валентино Роси, се збогува од спортот и натпреварувањето кое за многумина беше синоним со неговото име. Пред да го испратиме во светот на трките на 4 тркала, еве листа на факти која вчера беше објавена на MotoGP.com

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.