Минатата недела, според најавата, во јавност се појави втората епизода од серијалот на Ducati новитети најавен пред еден месец. Овој пат во епизодата Mark your roots претставени беа два нови модели Ducati Scrambler 1100 Tribute PRO и Ducati Scrambler Urban Motard. 

Scrambler Ducati 1100 Tribute Pro

Со најновите два модели кои ја надополнуваат Scremblem линијата сега Ducati има вкупно 10 модели во својата понуда. Првиот, посилниот е оној кој е врзан з атрадицијата и историјата на брендот, а вторниот е моделот чија цел е помладата генерација. 

Ducati Scrambler 1100 Tribute PRO

Ова е четврт модел кој се базира на 1100 PRO серијата и сега повеќе од кога било се потпира на почетоците, односно првиот двоцилндарец кој се појави во 1971 годниа. Дополнително силен белег за богатата историја за овој модел е и користењето на визуелниот идентите креиран од страна на Giugaro. Специјалната жолта ‘Giallo Ocra’ боја дополнета со ретро логото и фонтот кое датираат од пред педесет години дополнително го буди носталгичниот изглед на овој нов модел. Сето ова засилено со темноно седиште и црниот рам и останатите црни детали придонесуваат за ретро изгледот да биде магнет за сечие око.  

Зад класичните линии е поставен 1079cc мотор со 86 коњски сили кои заедно со соодвентниот вртежниот момент овозможуваат силата да се користи во понизок режим на работа на моторот. Овој модел доаѓа со стандардните модови за возење, DTC (контрола на пролизгување) и лед светло напред кое остава посебен впчаток. 

Ducati Scrambler Urban Motard

На другата страна на Scrambler гамата се појавува новиот Ducati Scrambler Urban Motard чија цел е импресионирање на помладата целна публика чиј фокус е на современиот изглед и дивиот дух кој во себе го носи Ducati Hypermotard. Комбианцијата на црвени и бели линии кои помалку може и треба да потсетуваат на легендарните Marlboro спонзорирани Ducati MotoGP модели, Urban Motard успешно спојува повеќе елемеит како на пример страничната табла со бројка, рамното седиште и високиот преден браник. 

Scrambler Ducati Urban Motard

Придвижен од 803cc L-twin агрегат со можност од 73КС овоможува флексибилност низ град но и ленса управливост оффроуд. 

И двата модели го имаат Ducati Multimedia системот, кој овозможува поврзување со телефон и имаат по еден USB приклучок под своите седишта.

Како и во претходната најава на Multistrada V2, овие модели ќе бидат достапни со ограничена можност на моторот за возачите со A2 дозвола, а во продажба ќе се појават веќе следниот месец. 

Back To Top