И покрај тоа што челниците на KTM во 2015 година најавија дека нема повеќе да прават супер брзи мотори кои припаѓаат на патеките а не на улиците, сепак еве демант, барем во некоја рака. 

KTM RC 8C според бројките може и да не импресионира, ама според своите перформанси наговестува Moto2 искуство. Да бидеме на чисто, изјавата на KTM за супермоторите се однесуваше за оние мотори со 200+ КС кои секако е преопасно да се возат на улица. Ова што сега го објавија, е далеку под таа граница. RC 8C има „скромни” 128 КС, но лесното тело и конструкцијата која е блиска до MotoGP моторите наговестува дека ова може да биде и еден од најбрзите мотори кои може да ги купите и возите на патека. Да, RC 8C сега за сега е достапен само во верзија за возење на затворена патека, со други зборови не ги исполнува условите за возење во сообраќај. 

PHO BIKE DET rc8c 22 no compromise SALL AEPI V1

Под кевларната и GRP надворешност на овој КТМ се крие шасијата од Kramer GP2 890R проектот кој беше започнат од бивши вработени во KTM, но сега, како и што во основа си прилега е вратен во официјалната фабрика и под себе го носи 899cc LC8c паралелниот двоцилндарец кој се наоѓа во 890 Duke R. Секако дека тјунирањето е различно. 

Од останатите технички спецификации, а ги има многу, издвојуваме: 128КС и 101Nm, 140kg (сув) WP Apex Pro 7543 вилушkа и Apex Pro 7746 задна суспензија. 290mm дискови напред и еден од 260mm назад, поддржани од Brembo Stylema калипери.  

Посебен муабет може да се отвори за конструкцијата и материјалите таму... но... нема потреба. KTM RC 8C беше најавен дека ќе се произведе во 100 парчиња. И истите се распродадоа за неполни 5 минути со ексклузивна можност првите 25 купувачи да се придружат на MotoGP тимот на KTM на нивниот тест во октомври во Херез. На официјалниот сајт стои можност за да се пријавите на листа на чекање... Има надеж... Ако имате нешто приближно до 40 илјади долари за трошење,  се разбира!

 

Back To Top