Со новиот R 18 Transcontinental, BMW ја надополнува својата R 18 фамилија со т.н. голема американски турер. На овој модел се надоврзува и т.н. бобер, модел кој е именуван едноставно како R 18 B.

Како и основниот модел и овие модели ја комбинираат можта на големиот боксер мотор со концептот на класична шасија базиран на легендарниот модел од минатото а надополнет со ексклузивна опрема и стилски ретро дизајн. 

P90430969 lowRes

Ова го прави R 18 Transcontinental идеален за долги патувања и тоа токму за патиштата низ Америка, во американски стил, се разбира. Специјалните карактеристики кои ги има овој модел вклучуваат предна маска со висок визир, дефлектор и браници. Во кокпитот има 4 аналогни инструменти и 10,25 инчен TFT екран во боја. За звукот е задолжен систем на Marshall а за безбедноста тука се заштитните шипки. Секако овој турер има и странични и централен куфер, греење на седиште и многу хромирани детали, се разбира ако ги сакате, а ги сакате. 

R 18 B, логично нема централен куфер и има пониска предна маска и визир, потенко седиште, зацрнет мотор и тоа со мат боја. Моторот е истиот, двоцилиндарец со зафатнина од 1,802 cc кој произведува 91 КС на 4.750 вртежи во минута. Моќноста му е одлични 150 Nm кои оваа машина ги испорачува од 2.000 до 4.000 вртежи. Сите верзии доаѓаат со динамична контрола на темпомат (Dynamic Cruise Control) а со доплата може да се добие и опција за автоматско прилагодување на брзината. Листата на содржини и можности кои ги нудат овие модели е нависитина долга.... но да не се лажеме, овој модел се купува базирано на изглед и љубов на прв поглед. 

Бројките и карактеристиките на страна, уживајте во фотографиите од новите модели на R 18 од BMW и ако почуствувате нешто во градите, собирајте пари и барајте понуда кај дилерот. 

 

Back To Top