Aprilia конечно се враќа во adventure tourung сегментот и тоа со сериозна конкуренција на Yamaha Tenere 700. 

По долгите најави и извесноста дека на база на новиот 660cc агрегат Aprilia планира широка гама на мотоцикли, конечно минатата недела производителот од Италија го претстави новиот Tuareg 600 со што најави уште посериозна битка во јаката конкуренција во овој сегмент. 

gallery tuareg indaco

Дизајниран, пред се, да одговори на потребите надвор од асфалтните патишта овој туринг мотор се гордее со својата тежина. Aprilia на својот официјален сајт каде ги претставува деталите за Tuareg 660 вели дека без течности овој мотор тежи 187 килограми, што значи кога ќе се наполни гориво во 18 литарскиот резервоар и ќе се стават останатите течности во моторот ќе дојде за нијанса потежок од најголемиот свој ривал - T7. Рамното седиште, високиот издув, 21-ично тркало напред и 18-инчно позади, заедно со серија други детали недвојбено го откриваат агресивниот оффроуд пристап на овој мотор. 

Двоцилиндарецот на Aprilia сега е смирен и нуди 80 КС и 53 lbft моќност кои се достапни значително пониско во режимот на работата на моторот, очекувано. 

Aprilia Tuareg veicolo 6

Делот во кој Aprilia прави чекор напред во споредба со T7 е електорниката. За разлика од Yamaha, италијанците не штеделе на електорника и можностите кои се нудат со Tuareg 660. Aprilia го нуди т.н. APRC - Aprilia Performance Ride Control - кој му дава на моторт динамичен и поспортски дух на асфалт а има и 4 модови на возење од кои два се прилагодливи. ABS-от може да се декативира на двете тркала а дополнително може да се управува и со конкторалта на тракција, темпоматот и режимот на работа на моторот, и тоа се преку 5 инчен TFT екран.

Aprilia пушти во оптек добра најава, но никаде на кажа кога точно овој модел ќе биде понуден на пазарот. Се надеваме, ако не порано, Tuareg 660 ќе биде достапен на почеток на 2022. 

 
Back To Top