(Време на читање: 2 - 3 минути)


По 21 тркачки викенд, MotoGP шампионатот пристигнува во Валенсија, каде што од 27 до 29 ноември ќе се одржи последната трка од сезоната 2026. Иако Марк Маркез минатиот викенд во Португалија ја обезбеди својата десетта светска шампионска титула, на патеката „Рикардо Тормо“ остануваат уште неколку отворени битки кои го прават финалето особено интересно.

Во центарот на вниманието ќе биде дуелот меѓу Априлија и Дукати за конструкторската титула. Производителот од Ноале, кој веќе ја обезбеди титулата во тимска конкуренција, во Валенсија пристигнува со девет поени предност пред Дукати. Со максимални 37 поени на располагање во текот на викендот, прашањето за тоа кој производител ќе ја заврши сезоната на врвот сè уште е отворено.

valencia copy

Интересно ќе биде и во борбата за второто место во генералниот пласман кај возачите. Хорхе Мартин има само два поени предност пред својот тимски колега Марко Бецеки, кој по победата во Португалија има можност да ја заврши сезоната како вицешампион. Во Moto2, пак, Валенсија ќе го даде и одговорот на прашањето кој ќе биде новиот светски шампион.

Последниот тркачки викенд ќе биде и последна можност да ги видиме дел од возачите во боите на нивните сегашни тимови пред промените што следуваат во 2027 година.

За патеката „Рикардо Тормо“

Отворена во 1999 година, патеката во Честе, во близина на Валенсија, уште истата година стана дел од календарот на светскиот мотоциклистички шампионат. Со должина од нешто повеќе од четири километри, таа е една од покомпактните патеки во календарот, со технички сектор и значително повеќе леви отколку десни свиоци.

Специфичниот стадионски распоред на трибините им овозможува на гледачите да следат речиси цел круг од своето место, што ретко се среќава на другите патеки во шампионатот. Во комбинација со распродадените трибини и традиционалното финале на сезоната, Валенсија повторно ветува одлична атмосфера.

Карактеристики на патеката 
Должина 4,01 км
Ширина 12 м
Најдолг правец 876 м
Леви свиоци 9
Десни свиоци 5
Насока на возење Спротивно од стрелките на часовникот
MotoGP спринт 13 круга
MotoGP трка 27 круга

Распоред за следење – MotoGP Валенсија 2026

Акцијата започнува во петок со слободните тренинзи, во сабота се возат квалификациите и спринт трката, додека во недела на програмата се последните три трки од сезоната.

Сите термини се според македонско време.

Петок – 27 ноември

ВремеКатегоријаСесија
09:00 – 09:35 Moto3 Слободен тренинг 1
09:50 – 10:30 Moto2 Слободен тренинг 1
10:45 – 11:30 MotoGP Слободен тренинг 1
12:30 – 13:00 MotoGP Прес-конференција – Априлија и Дукати
13:15 – 13:50 Moto3 Тренинг
14:05 – 14:45 Moto2 Тренинг
15:00 – 16:00 MotoGP Тренинг
Пријавете се за да ги добивате најважните содржини двапати неделно директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: