Јапонската компанија работи на алтернатива на моторите со внатрешно согорување.

Откако веќе ни ги преставија нивните дизајни на електричните модели, од Kawasaki велат дека работат на хибридни/електрични превозни средства на две тркала.

На видеото кое го објавија од компанијата можат да се забележат две интересни работи, иако поголем дел од материјалот е маркетинг за компанијата.

Прво, го гледаме хибридно/електричниот прототип на Kawasaki и веднаш можете да ја забележите разликата во звукот кога ќе се вклучи електричниот мотор. Ова покажува дека Kawasaki е прилично далеку од целта.

Втората интересна работа е употребата на „drivetrain“, кој се префрла помеѓу трите режими: бензин, електрика и хибриден режим.

Во позадината на видеото е прикажан Париз а претпоставуваме дека целта на Kawasaki е да ја прикаже разновидноста на својот бренд.

Главниот град на Франција е еден од градовите кој се залага за прекинување на употребата на фосилни горива. Почнувајќи од 2030 година градот ќе забрани пристап до центарот на сите превозни средства кои работат на бензин.

kawasaki hybrid engine motorcycle teaser 02 scaled

Како што можеме да видиме на видеото, на почетокот мотоциклот се движи по автопат и го користи моторот со внатрешно согорување. Кога влегува во рамките на градот се префрла на електрика а потоа го користи хибридниот систем.

Ќе биде интересно да се види како ќе изгледа оваа технологија во иднина.

Back To Top