Оваа компјутерска фотографија е најдоброто нешто што досега го имаме видено од новиот концепт на Honda, CB1000F, кој прв пат беше најавен во март.

Машината се базира на популарниот CB1000R 'Neo Café', но со целосно нов изглед кој има инспирација од CB750F2 и неговиот поголем брат, CB900F од 1979 година.

Компанијата има сличен пристап како и Kawasaki и нивниот Z900RS кој прв пат дебитираше во 2017 година. Сепак од Honda се уште не потврдиле дали оваа машина ќе се најде во производство.

Во март, компанијата соопшти дека мотоциклот е резултат на темелно истражување на CB линијата во однос на тоа што може да се задржи а што може да се промени кај некој иден модел.

Од Honda велат: „ Концептот CB-F е амбициозна фузија на врвна технологија и дизајн која му оддава почит на CB900F (CB750F во Јапонија). “

Бидејќи се базира на актуелниот CB1000R, буквата F ни го носи истиот мотор со течно ладење и кој има капацитет од 998cc. Сепак, слично како и кај Z900RS на Kawasaki, и тука се очекува да има одредени промени.

Honda CB1000F concept

Шасијата е исто така речиси идентична како и кај CB1000R. Таа има лесна челична рамка, алуминиумска,единечна задна вилушка и модерна, прилагодлива, вилушка напред.

Резервоарот и каросеријата се целосно нови. Според информациите од Јапонија, оваа машина која би можела да се најде на пазарот кон крајот на следната година исто така ќе ги има и најновите електронски додатоци, вклучувајќи ABS и контрола на тракцијата.

Факти за Honda CB1000F:

Шасијата е речиси идентична како и кај моделот R. Мотоциклот е опремен со моќни радијални сопирачки, квалитетни превртени вилушки како и Pro-Arm monoshock.

Изгледот е инспириран од CB 750/900F од доцните седумдесети години, особено од оние кои беа дел од US AMA серијата каде настапуваше Фреди Спенсер. Оттука доаѓа и сребрено-сината боја.

Моторот е истиот 998cc liquid-cooled DOHC four кој го има и CB1000R иако може да очекуваме мали промени.

F не е реплика туку комбинација на старо и ново. Затоа можеме да очекуваме најнови  LED светла, индикатори како и TFT екран.

Очакуваме моделот R да ги има најновите електронски додатоци на Honda, контрола на тракцијата, неколку режими на возење и уште неколку други работи.

Back To Top