Секогаш им завидувам на дизајнерите кои од обичен мотоцикл можат да направат нешто ново и неверојатно.

Три цилиндричната платформа на Yamaha, MT-09, е еден од тие мотоцикли. Па дури и кај XSR900 тешко може да се види како овој мотоцикл може да се направи поголем и подобар.

Но вработените во „Diamond Atelier“  го видоа потенцијаот на MT-09 платформата. Тие го земаа Yamaha XSR900 и направија нешто што го нарекоа  “Æon”.

Единственото нешто што остана од оригиналната верзија е моторот, рамката, задната вилушка и тркалата. Остатокот од “Æon” е дизајниран за да изгледа како модерен café racer.

Yamaha XSR900 AEon Diamond Atelier 05

Освен ако добро не ги познавате мотоциклите, нема да препознаете која била првичната верзија на оваа машина. Единствено логото на Yamaha ќе ви каже за што станува збор.

Отворениот airbox заедно со филтрите е нашиот омилен дел но и задниот дел на оваа машина е неверојатно убав.

Вработените во „Diamond Atelier “ завршија одлична работа со негативниот простор кај машината и го  направија “Æon” еден навистина освежувачки и интересен мотоцикл.

Back To Top