Ducati направија одредени промени кај Scrambler линијата за сезоната 2021.

Ducati направија одредени промени кај Scrambler линијата за сезоната 2021. Сега имаме поголем избор на бои кај 800 Icon и Desert Sled а плус имаме и нова верзија наречена Nightshift.

Nightshift има црно-сива боја, рамно седиште како и café racer ретровизори кои го потенцираат неговиот урбан изглед. Регистарската таблица позади е сместена на задната вилушка бидејќи кај овој модел, отстранет е штитникот за кал. Од Ducati велат дека тоа е направено за да се добие поагресивен изглед.

2021 Ducati Desert Sled 02

Desert Sled моделот, кој е инспириран од релито Дакар, има сини обележја во чест на ендуро мотоциклите од осумдесетите години на минатиот век. Црвена и бела боја има на резервоарот и на предниот штитник за кал. Целокупниот изглед е заокружен со тркалата кои имаат златна боја.

На долниот дел на линијата на мотоцикли, моделот Icon сега е достапен во препознатливата црвена боја на Ducati.

Сите модели кои се дел од Ducati Scrambler фамилијата сега се во согласност со Euro 5 стандардот. Препорачаната цена од производителот за верзијата Nightshift изнесува  10.700 евра.

Back To Top