Следниот чекор во офанзивата на Yamaha за сезоната 2021 е целосно новиот MT-09 SP, верзија на еден од лидерите во средната категорија која има врвни спецификации.

Следниот чекор во офанзивата на Yamaha за сезоната 2021 е целосно новиот MT-09 SP, верзија на еден од лидерите во средната категорија која има врвни спецификации.

Пред да навлеземе подетално во новите делови, најпрвин да кажеме што е сменето кај машината. Подобрувања има кај моторот кој сега има 889cc. Моќноста и бројот на вртежи е малку поголема но она што е важно е тоа дека бројот на вртежи пристигнува за 1500rpm порано.

yamaha mt09 headlight

Моторот е сместен во нова рамка и подрамка со што е за 3.8 килограми намалена тежината. Исто така има нови тркала, задна вилушка и нов изглед. Промени има и кај електрониката. Autoblipper and six-axis IMU кој доаѓа од R1 ви обезбедуваат врвна технологија. Исто така има и нов TFT екран. А SP верзијата? Таа е уште подобра.

За старт, суспензијата е едно ниво погоре благодарение на 41mm USD Kayaba вилушките. Тие се целосно прилагодливи за preload, rebound и compression.

Кај задниот дел на мотоциклот имаме Öhlins амортизер кој исто така е целосно прилагодлив.

yamaha mt09sp static

Друга поголема промена која најмногу им одговара на возачите кои поминуваат голем број на километри е електронската контрола на патувањето, нешто што веќе го има кај Niken и Tracer 900 моделите. Оваа опција не се гледа често кај naked мотоциклите од средната класа, но присуството на preload adjuster ни сугерира дека Yamaha сака да поминете голем број на километри. Звучи како атрактивна опција.

Доколку одлучите да ја купите SP верзијата добивате уште неколку други работи меѓу кои се премиум седиште кое е двојно сошиено и алуминиумска задна вилушка. Дури има и посебна боја инспирирана од R1M. Доколку разликата во цена не е премногу голема, тогаш SP е одлична опција.

Yamaha MT-09 SP главни карактеристики:

Fully adjustable forks

Öhlins rear shock

Cruise control

R1M paintjob

Back To Top