(Време на читање: 1 минута)


Мото клубот „Мечки“ во соработка со Отсекот за превенција при СВР Куманово организира превентивно-едукативен настан посветен на подигнување на безбедноста во сообраќајот.

Настанот, кој ќе се одржи во петок, на 18 септември 2026 година, има цел да ја подигне свеста за важноста од користење заштитна опрема, почитување на сообраќајните правила и поголема одговорност кај сите учесници во сообраќајот.

nosi kaciga spasi zivot

Под мотото „Носи кацига – спаси живот“, МК Мечки ќе испратат јасна порака за значењето на заштитната кацига, особено кај помладите мотоциклисти, но и кај нивните родители. Воедно, акцијата има за цел да поттикне поголема сообраќајна култура, меѓусебно почитување и одговорно однесување на мотоциклистите како рамноправни учесници во сообраќајот.

Програма на настанот

19:00 часот – Кратко дефиле
Кратко дефиле низ градските улици заедно со членовите на мото клубот, како и пријатели и поддржувачи од други мото клубови.

19:15 часот – Едукативно предавање
Едукативно предавање на градскиот плоштад во Куманово, во близина на бистата на Батко Ѓорѓија, посветено на сообраќајната безбедност и клучната важност од носење заштитна кацига при управување со мотор.

Организаторите ги покануваат сите мотоциклисти, љубители на моторите и граѓани да присуствуваат и заеднички да дадат поддршка на оваа значајна иницијатива.

Се гледаме!

Пријавете се на билтенот за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: