(Време на читање: 1 - 2 минути)


Моторџиската култура секогаш била симбол на вештина, дисциплина и почит – кон машината, кон патот и кон сите околу нас. Но последниве години сè почесто гледаме како поединци ја нарушуваат таа слика со опасно возење низ град, ризични маневри и непотребно дивеење. Тоа не е храброст, ниту мајсторство – тоа е играње со живот. Вистинските моторџии знаат дека улицата е место каде што се почитуваат правила, а не арена за докажување.

Затоа ја носиме пораката гласно и јасно: ако сакаш да покажеш што знаеш, направи го таму каде што е безбедно, контролирано и фер. На патека, на организиран настан, каде што твојата техника, прецизност и ладна глава навистина доаѓаат до израз. Токму затоа мото клубот Носачи на Крстот од Велес организира „Гимкана“ – место каде што се гледа кој е мајстор, а не кој е најгласен на улица.

На 18-ти август во Велес (на паркингот зад гимназијата) покажи што знаеш!

cross bearers gimkana 1

ГРАДСКИТЕ УЛИЦИ НЕ СЕ АРЕНА – ПОКАЖИ ШТО ЗНАЕШ НА ПАТЕКА!

До сите љубители на две тркала!

Вистинските моторџиски вештини не се докажуваат со дивеење низ градските улици! Со ризикување на сопствениот и туѓите животи со брзина на јавните патишта, не те прави подобар возач – те прави неодговорен!

Дали навистина ги контролираш коњите под себе?!

Повели - Дојди на "мегдан" да си ги измериме силите таму каде што е безбедно, организирано и фер и да докажеме кој е вистински мајстор на моторот во контролирани услови.

cross bearers gimkana 2

Ве покануваме на „Гимкана“ – единствениот натпревар каде што на обезбеден терен со сите стандарди, можеш да го дадеш максимумот без ризик. Овде не победува оној што вози најбрзо, туку тој што има најдобра контрола, рамнотежа, прецизност и ладна глава!

Покажи карактер: Низ град возиме полека, почитуваме правила и ги чуваме сите учесници во сообраќајот. На натпреварот – ја покажуваме вештината!

Улицата е за безбедност, патеката е за мајстори! Вози паметно низ град, доминирај на патеката.

Се гледаме на стартот!

cross bearers gimkana 3

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: