(Време на читање: 1 - 2 минути)


Triumph објави нов документарен серијал од четири дела насловен „ALL IN“, кој го прикажува развојот на компанијата во светот на off-road мотоциклизмот, од првичните планови во 2018 година до првите успеси во меѓународните шампионати.

Серијалот нуди детален увид во процесот на создавање на сопствени модели за мотокрос и ендуро, воспоставувањето на програмите за тестирање и изградбата на специјализирана дилерска мрежа, со придонеси од клучни фигури како Рики Кармајкл, Иван Сервантес, Џони Вокер, Џордон Смит и Микел Харуп.

screengrab_episode1_1-large

Првата епизода беше објавена на 3 септември, додека преостанатите три се планирани за емитување во текот на октомври, ноември и декември. 

Преглед на епизодите

Секоја од четирите епизоди се фокусира на различен аспект од развојот и натпреварувачката програма на британскиот производител:

  • Епизода 1 (Without Compromise): Ја обработува одлуката за влез во off-road сегментот, почетниот развој на мотоциклите и подготовките за натпреварување на највисоко ниво.
  • Епизода 2 (Winning Mindset): Се фокусира на резултатите во мотокрос и Supercross, како и на учеството во MX2 Светското првенство, со приказ на предизвиците и успесите на возачите Гилем Фарес и Камден Меклелан.
  • Епизода 3 (Beyond Limits): Го истражува ендуро програмата, каде Пол Едмондсон и Џони Вокер ги анализираат перформансите на мотоциклите во EnduroGP, SuperEnduro и Extreme Enduro конкуренцијата.
  • Епизода 4 (Commitment to Performance): Фокусирана е на иднината, односно на континуираните инвестиции во инженерството, развојот и тестирањето со цел надградба на досегашните резултати.

A Triumph MX bikes flying over the finish line

Со оглед на тоа што Triumph релативно неодамна влезе во off-road конкуренцијата, серијалот дава уникатен поглед на тоа како компанијата успеа да премине од немање модерна гама на мотокрос и ендуро модели до директно соочување со етаблираните производители на светската сцена.

Документарецот е достапен за гледање на официјалната off-road веб-страница на Triumph и на нивниот YouTube канал.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: