Дознајте кој возач падна најмногу во текот на минатата сезона од WSBK серијата а кој возач беше најуспешен.

За да завршите на првото место на една трка, пред се морате да извозите до замиот крај. Минатата сезона ја одбележа конзистентноста а најдобар пример за тоа е Џонатан Реа кој и покрај тоа што имаше големо заостанување во однос на Алваро Баутиста, на крајот успеа да заврши на првото место.

Вториот дел од сезоната Реа го извозе маестрално. Иако заостануваше 64 поени, тој постигна 11 победи по ред и успеа да го победи возачот на Ducati.

Можеби разликата помеѓу двајцата возачи изгледа огромна, 165 поени, но сепак Реа постигна само една победа повеќе од својот ривал. За разлика од него, Баутиста неколку пати падна во клучните моменти.

Но и покрај ова, тој не беше возачот со најмногу падови минатата година. Dorna откри кој беше возачот со најмногу излетувања во текот на 13-те рунди и 37-те трки.

WSBK Crash txt 1 02 12

Статистиката ги групира падовите на возачите за време на сите сесии и даде јасна престава за тоа кои возачи оделе до лимитот а кој возачи дури и го надминале. Вклучени се и грешките кои ги направиле возачите како и судирите меѓу нив.

Возачот кој и создаваше најмногу работа на своите механичари помеѓу трките е Андреа Делбианко од Althea Mie Honda. Во текот на сезоната, Италијанецот дури 16 пати излета надвор од патеката, четири повеќе од било кој друг возач.

Тој имаше лош почеток на WorldSBK кариерата а само пет пати падна за време на трката во Австралија. Сепак, и во следните неколку трки немаше многу подобар настап. Со оглед на сето ова, треба да му се честита за контролата која ја имаше над мотоциклот на трката која се возеше во Донингтон Парк.

Следен е Сандро Кортезе. На големо изненадување, тој беше еден од возачите кои паднаа последни. Сепак, после тоа работите тргнаа на лошо и до крајот на сезоната излета вкупно 12 пати. Алекс Ловс се најде на третата позиција со десет несреќи во текот на минатата сезона.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=pcaZEP6xdZk&feature=emb_logo

Баутиста, имаше седум излетувања и се најде во горниот дел од табелата. Неговото прво излетување се случи дури на шестата трка од сезоната која се возеше во Херез. А токму тука почнаа да се менуваат работите на табелата.

Шампионот Џонатан Реа и неговиот Kawasaki само три пати се најдоа надвор од патеката во текот на целата сезона. Два пати тоа се случи во Мисано и еднаш во Мањи Кур. Иако заврши на првото место во генералниот пласман, тој сепак не беше подобар од возачот на BMW, Маркус Рајтенбергер кој само два пати заврши надвор од патеката. Ист резултат имаше и Јуџин Лаверти, но мора да се напомене дека при еден пад тој ги скрши двата зглоба и мораше да пропушти четири трки од сезоната.

Треба да се издвои и настапот на Лорис Баз. Иако во шампионатот се приклучи од шестата трка, до крајот на сезоната имаше осум излетувања со мотоциклот на Ten Kate Yamaha.

Алесандро Делбианко               16

Сандро Кортезе                         12

Алекс Ловс                               10

Лорис Баз                                 8

Алваро Баутиста                       7

Риучи Кијонари                         6

Леон Хаслам                             6

Марко Меландри                       6

Чез Дејвис                                6

Торпак Разгатлиоглу                  5

Леандро Меркадо                     5

Том Сајкс                                  5

Мајкл Рубен Риналди               5

Леон Камиер                            4

Жорди Торес                            4

Мајкл ван дер Марк                 4

Џонатан Реа                            3

Јуџин Лаверти                         2

Маркус Рајтенбергер               2

Back To Top