Новиот CBR1000RR-R Fireblade со кој Honda ќе настапи во новата сезона од WorldSBK шампионатот ќе биде претставен на само неколку дена од почетокот на сезоната.

Honda објави дека на 21-ви февруари, само неколку дена пред стартот на новата сезона, ќе го престави новиот CBR1000RR-R Fireblade.

Враќањето на Јапонскиот производител во серијата е еден од најочекуваните настани поврзани со WorldSBK шампионатот. Екипата во новата сезона ќе настапи со целосно новиот Fireblade а како дел од возачкиот тим ќе бидат Алваро Баутиста и Леон Хаслам.

Honda сака повторно да стане важен играч во WSBK серијата а првите луѓе на тимот, во споредба со минатото, вложуваат многу поголемо внимание.

На 21-ви февруари во Токио ќе биде официјалната презентација на мотоциклот. Неколку дена подоцна, тој ќе се појави на официјалниот претсезонски тест на Филип Ајленд.

А со оглед на тоа дека уличната верзија на мотоциклот за прв пат беше претставена за време на EICMA шоуто во Милано, Honda беше во трка со времето за да ја подготви машината која ќе има WorldSBK спецификации.

Honda WSBK txt 26 12

CBR1000RR-R Fireblade преставува значителна промена на филозофијата на Honda. Моќноста е зголемена на нешто помеѓу 210 и 217 коњски сили, со цел мотоциклот да биде поблиску до Ducati Panigale V4 R.

Во моментов многу малку работи се познати за новиот Fireblade. Тимот ја отфрли можноста да тестира заедно со нивните ривали на патеката во Шпанија. Наместо тоа се одлучија за приватен тест во Арагон. Забрана за присуство на тестот имаа дури и фотографите и новинарите.

Постојат шпекулации дека тимот работи напорно да го прилагоди мотоциклот на пневматиците на Pirelli откако поголем дел од развојот го правеа со гуми на Bridgestone.

Се очекува Honda да има четири мотоцикли на патеката следната сезона од кои два ќе бидат наменети за MIE Racing. Со еден од нив ќе настапиТакуми Такахаши  додека пак со другиот мотоцикл ќе вози Сандро Кортезе или Јуки Такахаши.

Back To Top