(Време на читање: 2 - 3 минути)


По возбудливиот викенд во Бразил, MotoGP шампионатот сега се сели во Соединетите Американски Држави, каде што следува ГН на САД на легендарната патека Circuit of the Americas во Остин, Тексас.

Circuit of the Americas

Патеката Circuit of the Americas, попозната како COTA, е една од најспецифичните и најтехничките во календарот на MotoGP. Сместена во близина на Остин, Тексас, оваа модерна гран-при патека беше завршена во 2012 година, а MotoGP за првпат настапи таму во 2013 година. Уште од своето деби, COTA стана препознатлива по својата уникатна конфигурација, големите висински разлики и комбинацијата од брзи и многу технички свиоци.

3.usa

Конфигурацијата е долга 5.513 километри и има вкупно 20 свиоци, од кои 9 се десни, а 11 леви. Насоката на возење е спротивно од стрелките на часовникот, што дополнително го оптоварува физичкиот ритам на возачите. Една од највпечатливите карактеристики е стрмното искачување кон првиот свиок, како и долгиот правец од 1.200 метри, каде што често гледаме жестоки кочења и напади за претекнување.

COTA е патека која бара комплетен пакет – силно сопирање, стабилност при промена на правец, добра тракција и прецизност во техничките сектори. Токму затоа трките во Остин често носат многу неизвесност, различни стратегии и спектакуларни дуели низ целиот викенд.

Распоред за следење на трките во Остин:

Петок

ВремеКласаНастан
15:00-15:35 Moto3™ Слободен тренинг бр. 1
15:50-16:30 Moto2™ Слободен тренинг бр. 1
16:45-17:30 MotoGP™ Слободен тренинг бр. 1
18:05-18:25 Baggers™ Слободен тренинг бр. 1
19:15-19:50 Moto3™ Тренинг
20:05-20:45 Moto2™ Тренинг
21:00-22:00 MotoGP™ Тренинг
22:25-22:45 Baggers™ Слободен тренинг бр. 2
Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: