Нов Triumph Triumph Speed Triple 1200 RS ќе биде преставен во вторник, 26-ти јануари.

Веќе видовме како ќе изгледа новата верзија на оваа машина, која е лидер на Triumph во „supernaked“ сегментот а сега имаме и официјална потврда дека мотоциклот наскоро ќе се појави на пазарот.

Triumph Speed Triple 01 txt 13 01 2021

Името на оваа машина, Speed Triple 1200 RS, ни сугерира и тоа дека моторот ќе биде поголем отколку кај претходната верзија, каде беше 1050. Иако ова е попуарна машина, сепак Triumph ја загуби битката со другите „superbike“  машини како што се V4 Streetfighter на Ducati и моќниот Super Duke R на КТМ. Од компанијата се надеваат дека промените кои се направени ќе помогнат повторно да се етаблира овој мотоцикл.

Во срцето на оваа машина се наоѓа нов мотор, кој по се изгледа е комлпетно редизајниран. За да може да се натпреварува со најдобрите, Triumph го зголеми капацитетот, најверојатно на околу 1200cc а исто така ја намали и тежината на мотоциклот.

Со оглед на конкуренцијата, веруваме дека целта на Triumph е да има околу 175bhp. А бидејќи мотоциклот мора да биде во согласност со Euro5, од компанијата додадоа и целосно нов издув.

Покрај новиот мотор, машината има и нова суспензија. Овој модел е опремен со Öhlins. Најинтересен е сетапот на задната суспензија каде амортизерот е директно монтиран на задната вилушка.  Како и кај повеќето брзи мотоцикли денеска, за сопирањето се грижи Brembo.

triumph speed triple 02

Секако дека тука има и најнова техноогија. Quickshifter како и целосно нов екран се само дел од работите кои ги има овој мотоцикл. Можете да ги очекувате и сите останати работи кои денеска доаѓаат како стандарден дел кај мотоциклите.

Стилот на подрамката е сличен како кај постариот модел но без издувот. Челичните делови сега се заменети со алуминиумски. Новите тркала не само што го прават мотоциклот поубав туку тие се и полесни.

Иако се уште не се знае кога овој мотоцик ќе се појави на пазарот, сепак очекуваме тоа да се случи некаде во пролет 2021 година.

Back To Top