Мотоцикли

KTM ќе ласира 5 нови мотори на новата 490 платформа

 Според најавата на некои светски медиуми за очекување е KTM многу наскоро да ја лансира својата нова понуда во рангот на новата 490 серија. 

Овој потег јавноста во очеквуаше од 2019 година, ама по се изгледа дека оваа и следната година конечно верната публика ќе дочека цела нова гама на мотори кои ќе се базираат на новиот двоцилндарец со заватнина од 450 кубни сантиметри. 

Според MotorcycleNews, понудата ќе вклучува Duke, RC, Adventure, Supermoto и Enduro верзии. Дополнително, што беше и за очекување, тие наведуваат дека по се изгледа новиот CFMoto 450SR кој го користи овој мотор всушност ќе биде првата понуда како резултат на овој развој. Нема потреба да напоменуваме дека CFMoto всушност е кинескиот огранок, односно партнер на KTM, така? 

cfmoto 450sr teaser photo

Секако атакот на европските пазари на CFMoto веќе е повеќе од видлив со нивното спонзорирање на PruestelGP Moto3. Со оваа најава за новитетите на KTM се насетува дека Австијците ќе ја користат истата архитектура и коленесто вратило поставено под 270°, нешто слично на легендарниот CP2 на Yamaha. 

ktm

Пополнувањето на овој сегмент значи дека понудата на KTM ќе се движи од 125 до 1290 и тоа со 390, 490, 690, 790 и 890 во средина. Прилично исполнето... особено интересна ќе биде борбата кај малите тркачи каде во игра се и Јапнските производители на чело со Kawasaki, Honda и Yamaha.  

Би можело да ве интересира

Над 100.000 гледачи на денот на трката, уживаа во надмудрувањата во сите 3 класи.

Со воведување на CE 04, електричниот макси скутер, на почетокот на оваа година BMW јасно стави до знаење дека во блиска идиниа може да очекуваме многу повеќе од германците во овој сегмент. 

Почитувани љубители на мотоциклистичката култура,

Со особена чест Ве покануваме да бидете дел од првата манифестација CRUISE CULT – The Art of the motorcycle 2022, која ќе се оддржи во сабота 25.06.2022 год., во период од 12.00 ч. – 17.00 ч. во Парк на Франкофонија - Скопје.

Трките беа далеку од досадни и неинтересни во трите класи, во кои жештината и конфигурација на патеката, прописно ги истоштија натреварувачите.

Кој каде ќе оди во следната сезона на MotoGP, и зошто. 

Иако викендов во Мизано ја видовме првата победа на актуелниот шампион, сепак титулата е далеку од одбранета.

Листа на мото настани

Чопер клуб го најави Run to the Sun 2022.

  • 24 Јуни 2022 - 25 Јуни 2022
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

Ноќни Волци Балкан: Интернационален мото собир.

  • 09 Јули 2022 - 09 Јули 2022

Најава за мото собирот на МК ЏИНКА Радовиш кој ќе се оддржи на 29/30/31 јули 2022 година. Повеќе детали наскоро.

  • 29 Јули 2022 - 31 Јули 2022
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

Дводневен мото фестивал во организација на МК Тиквеш Рајдерс од Кавадарци.

  • 17 Јуни 2022 - 18 Јуни 2022
  • 12 Другари
  • Ваташа, Кавадарци

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.