Во првата од најавените 6 промоции вчера Ducati ја претсави освежената верзија на помалата Multistrada која сега се вика V2. 

MTS V2 MY22 Studio Grigia 03 Gallery 1920x1080

Иако Ducati се обидува да ни го сврти вниманието да мислиме дека којзнае колку промени внеле во овој мотор, сепак станува збор за освежување и подобрување на постоечкиот, веќе успешен, модел. Накратко V2 и V2S се за малку полесни, малку пониски и малку помазни во работењето од своите претходници. Но, по се изгледа клучната разлика е понудата на црна верзија, која навистина изгледа одлично. 

093021 2022 Ducati Multistrada V2S Grey DYN 120 UC338673 High 768x512

Добро, може да се оди и подетално со промените. Вкупната тежина е помала за околу 5 килограми, седиштето и суспензијата можат да го симнат седиштето на овој турер до 790мм а помазното и попрецизно работење на моторт се должи на новиот менувач и квачило.  

ducati multistrada v2 14

V2 и V2S ќе бидат достани и со ограничување на моќноста на моторот на 35kW за да може да се вози со A2 возачка дозвола. Уште една новина се новите лед задни светла кои трепкаат при нагло запирање, функиција која е достапна само на S моделот a иницијално беше вклучена во V4 верзијата. 

MTS V2 MY22 Studio 02 Gallery 1920x1080

Што би можеле друго да подобрите на моторт за кој сите се согласни дека е совршен баланс спортист и турер. Па да, може да му дадете и нова боја за да се разликува од претходните. Ducati Multistrada V2S сега е достапен и во темно сива/црна боја со црвени акцентирани делови и бандажи. 

Официјални цени уште нема.  

Back To Top