Гласини се слушаат од Јапонија. Хонда ќе пушта во продажба во текот на следната година два нови модели со 750cc паралелен двоцилиндарец. 

tansalp 600V

Дека многумина посакауваат ни е јасно. Дека тоа е најжешкиот мегдан за натпревар помеѓу производителите и тоа е јасно. Дали желбите на многумина ќе станат реалност?

Гласините од Јапонија наговестуваат дека конечно Хонда ќе понуди мотор кој на листата е под Africa Twin а во исто време ќе понуди и посериозни офроуд перформасни. Гласината вели дека овој модел ќе го носи новиот 755cc двоцилиндарец кој во исто време ќе се употребува и во CB750S верзијата која би била повеќе наменета за на асфалтиран пат, кој пак може и да ја добие ознаката Хорнет. 

Иако нема фотографии кои може да ја потврдат оваа гласина, сепак според активностите кои ги презема Хонда околу заштита на трговските марки може да се намирисаат нови Трансалп и Хорнет.

Хонда аплицирале за заштита на името во Америка, Јапонија, Уругвај, Коста Рика, Нов Зеланд, Австралија, Тајланд, Сингапур, Малезија и Филипини уште на почетокот на оваа година, во февруари и март. Името веќе е заштитено во Европа и Велика Британија. Нешто подоцна годинава поднеле документи за заштита и во Бразил, Кина, Колумбија, Индонезија, Индија, Кореа, Русија, Турција, Украина и Виетнам. 

Иако овој нов агрегат е блиску до постоечкиот кој го користи NC750 моделот, сепак станува забор за нов агрегат кој ќе биде помоќен и најверојатно ќе го наследи дизајнот на Africa Twin, и тоа не само дизајнот на самиот агрегат туку и целиот мотор. Официјалното име се очекува да биде XL750L. 
 

Првиот екстремно издржлив Трансалп се произведуваше во периодот од 1987 до 1999 како XL600V, со зафатнина од 583 кубни сантиметри и 50 коњски сили. Во 2000 се појави нова верзија со агрегат со 647cc, NT650, а последната верзија беше објавена во 2008 под името XL700V, со нов четивентилски V-twin кој доаѓаше од тогаш актуелниот модел NT700V Deauville. Транслап во оваа верзија не е во производство од 2011 година. 

Нормално позицинирањето на ваков модел би значело нова конкуренција за Јамаха Тенере 7 и новиот Априлиа Туарег 660. 

 
 
Back To Top