Со Vinster 700 и Vinster X 700, BENDA на EICMA 2026 влегува во roadster сегментот. Двата мотоцикла делат мотор и основна механика, но се разликуваат според намената: Vinster 700 е ориентиран кон асфалт, додека Vinster X 700 има повеќе туристички и авантуристички детали.
Заедничка V2 платформа
Двата модели користат течно ладен V2 мотор од 691,66 cm³, со 54 kW при 9.000 врт./мин. и 68 Nm при 6.500 врт./мин. Тоа е истата моторска основа што BENDA ја користи кај Rock 707 и Capra 700. Преносот е со шестстепен менувач и ланец.
Vinster 700: класичен roadster
Стандардниот Vinster има тркала од 17 инчи, минималистичка каросерија и седиште на 830 mm. Масата со течности е 195 kg, а меѓуоскиното растојание 1.510 mm.
Vinster X 700: повеќе туринг
Верзијата X добива 19-инчно предно тркало, повисоко седиште од 865 mm, висок преден калник, заштита за моторот, штитници за рацете, повисок ветробран и странична торба. Масата со течности изнесува 200 kg, а меѓуоскиното растојание 1.518 mm.
Иста механика, различен карактер
За двата модела се наведени алуминиумска еднострана задна вилушка, USD предна вилушка, хидраулична задна суспензија, двоканален ABS, TFT екран и USB-A/USB-C приклучоци. Резервоарот собира 15 литри. Цените и датумите за продажба дополнително ќе бидат објавени.

Коментари