Уште откако во 2018 година прв пат ја забележавме Aprilia RS 660, веднаш знаевме дека овој „twin-cylinder“ спортски мотоцикл ќе биде фантастичен.

Се до неговото појавување, овој сегмент беше полн со постари машини или пак со мотоцикли каде на прво место беше цената.

Нема ништо лошо во тоа, но беше оставен простор за брендови како Aprilia да се приклучат на пазарот и да ги променат работите со нивните машини. Токму таму се наоѓаме денеска со Aprilia RS 660, моќна машина која има напредна електроника и шасија наменета за тркачката патека.

Во споредба со останатите мотоцикли од оваа класа, Aprilia воопшто не е ефтина, но добивате многу за 9200 евра. Оваа машина ветува многу и на тркачката патека.

Ова ветување треба да го прифатиме со доза на резерва бидејќи искрено не знаеме што точно можеме да очекуваме од Aprilia RS 660. Досега само неколку новинари успеаа да ја пробаат машината а многу малку од нив мотоциклот го тестираа на тркачката патека.

Како што веќе знаеме, поинаку е кога возите мотоцикл кој се уште не се наоѓа во производство. Постојано се откриваат нови работи и останува да видиме дали тие ќе бидат поправени до моментот кога машината ќе се најде во продавниците.

Затоа не ни останува ништо друго освен да чекаме. Во меѓувреме барем можеме да зборуваме за некои од перформансите на оваа машина.

На пример за веста која ни доаѓа од Акраповиќ, кој пушти два издувни системи за Aprila RS 660 (еден тркачки и еден за возење низ град).

На „Akrapovic dyno“, Aprilia RS 660 има нешто повеќе од 95hp. Тоа воопшто не е слабо.

aprilia rs 660 akrapovic horsepower

Пред да продолжиме понатаму, треба да објасниме за тоа како „ dyno “ броевите треба да се користат за релативни споредби, наместо да се прифатат како апсолутни вредности.

Ист мотоцикл може да има различни бројки во однос на коњските сили на различни мерења. Може да се каже дека тоа е несовршена алатка која е склона кон погрешно толкување.

Всушност, ова најдобро може да се покаже преку сопствените „dyno“ резултати на Акраповиќ. Словенечката компанија е позната по оптимистичките прогнози.

Земете ги на пример податоците на Акраповиќ за Yamaha MT-07, уште една машина од средната класа. Според нив, Yamaha има нешто помалку од 70hp додека пак според компанијата таа бројка изнесува 72.4hp (54 kW).

Тоа не изгледа многу се додека не дознаете каде е намалено.

Со 95hp, бројките кај Aprilia RS 660 се нешто помали од она што велат од компанијата. Всушност тие се малку поголеми бидејќи во Aprilia моќноста ја мерат во метрични коњски сили, што е малку повеќе отколку стандардните коњски сили. Сепак, ова воопшто не значи дека Aprilia RS 660 е помалку моќна.

Не толку одамна зборував со еден колега во однос на тоа што ни кажуваат овие податоци и се согласивме дека бројот е поблиску до 85hp кај задното тркало.

На истата тема разговарав и со друг пријател кој има поминато малку повеќе време со Aprilia RS 660 на тркачката патека заедно со други машини. Според него, Италијанската машина ќе биде силен противник.

Ако ги споредиме, слободно можеме да кажеме оптимистичките податоци на Акраповиќ, еден наспроти друг, тогаш добиваме интересна слика за Италијанскиот спортски мотоцикл.

Aprilia RS 660 има за 30% поголема моќност во споредба со Yamaha MT-07 кога двете машини беа во лабораторијата на Акраповиќ.

Ќе мораме да почекаме повеќе информации пред да ја дадеме конечната оценка но најавите дека Aprilia RS 660 ќе биде главна во својата класа се повеќе од реални.

Од Aprilia ни ветија мотоцикл кој ќе има 20 коњски сили повеќе од ривалите а според досегашните информации се чини дека тоа ќе се оствари.

Back To Top