(Време на читање: 1 - 2 минути)


Македонските мотоциклисти забележаа успешен настап на тркачкиот викенд што од 24 до 26 јули се одржа на патеката A1 Motor Park во Самоков, Бугарија.

На програмата беа деветтата и десеттата рунда од BMU Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам, а двете трки се бодуваа и за Македонскиот шампионат.

Во класата STK1000, Христијан Бузалковски беше најуспешниот македонски претставник и на двете трки. Бузалковски двапати се искачи на третото место во пласманот на BMU, освојувајќи вкупно 32 бода.

buzo 3 mesto a1 park bugarijaБузалковски со трето место во БМУ (фото: Balkan Motorcycling Union - BMU)

Во првата трка тој ја мина целта зад Бугарите Димитар Митов и Пламен Петров. Синиша Кочоски го освои четвртото место, додека Петре Мијалков заврши седми.

Во бодувањето за Македонскиот шампионат, победата му припадна на Бузалковски, пред Кочоски и Мијалков.

На втората трка Бузалковски повторно заврши на третата позиција во BMU, зад победникот Пламен Петров и второпласираниот Димитар Митов. Петре Мијалков овојпат беше шести, додека Синиша Кочоски не стартуваше поради дефект на мотоциклот.

petar mijalkov bmu a1 bugarijaПетар Мијалков со голема поддршка во Бугарија (фото: FB)

Бузалковски ја забележа и втората победа во македонското бодување, пред Мијалков. На прогласувањето на подиумот им се придружи романскиот натпреварувач Михаи Јонут Аврам.

Во класата F600 Македонија ја претставуваше Слободан Ивчески. Тој ја заврши првата трка на седмото место, а во втората го освои деветтото место. На двете трки во оваа класа победи Бугаринот Павел Драганов.

cobo bmu a1 bugarijaСлободан Ивчески (фото: FB)

Македонските претставници го завршија викендот во Самоков со силни настапи, два подиума во BMU и значајни бодови во двата шампионати.

Следната трка од БМУ шампионатот се вози на патеката Истамбул Парк во Турција на 15 и 16-ти август.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: