(Време на читање: 1 - 2 минути)


Македонскиот мотоциклист Петар Мијалков успешно настапи на култната патека „Misano World Circuit Marco Simoncelli“ во Италија, позната по најголемите светски мотоциклистички натпреварувања.

Мијалков беше дел од ексклузивен настан на кој, по официјална покана од водечките италијански увозници на Michelin, ги тестираше најновите тркачки пневматици на францускиот производител.

petar mijalkov1

Поканата претставува значајно признание и ретка можност во светот на мотоспортот. Таа е потврда дека квалитетот, посветеноста и резултатите на македонските мотоциклисти се препознаваат и надвор од границите на земјата.

Настапот на патека од рангот на „Мисано“ е резултат на безброј часови тренинг, сериозни подготовки и големи финансиски вложувања. И покрај инфраструктурните и финансиските предизвици со кои се соочуваат домашните возачи, Мијалков покажа дека македонските натпреварувачи имаат потенцијал да бидат дел од врвни меѓународни настани.

petar mijalkov2

Тестирањето му овозможи да работи со искусни професионалци, дополнително да го усоврши својот пристап и да стекне драгоцено искуство, кое ќе има големо значење во неговите следни натпреварувачки предизвици.

Успехот на Мијалков истовремено повторно го отвора прашањето за поддршката на македонскиот спорт. Вложувањето во талентирани спортисти создава долгорочна вредност, а нивните настапи на европските патеки придонесуваат за промоција на Македонија пред меѓународната јавност.

Компаниите што стратешки ги поддржуваат ваквите спортски приказни не се само спонзори — тие стануваат партнери и директни учесници во меѓународните успеси на македонскиот спорт.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: