Стојан Поповски, нашиот познат триатлонец и учесник на бројни Iron Man натпреварувања, е првиот Македонец со Bun Burner Gold сертификат за извозени 1500 милји на мотор за помалку од 24 часа доделен од страна на Iron Butt Association. 

Во октомври пишувавме подетално за Iron Butt и нивното основање и различните предизвици кои ги поставуваат. Тогаш, секако, инспирација ни беше Стојан, како и сега, но тогаш тој го имаше добиено сребрениот сертификат, иако имаше извозени километри со кои можеше веднаш да го добие златниот предизвик. Сепак правила си се правила и во неговиот повторен обид, некаде кон крајот на октомври тој успеа соодветно да го документира неговиот подвиг и да го реализира возењето од1500 милји за помалку од 24 часа со пто се здови со Bun Burner Gold сертификат.     

- Клучна е менталната подготовка, можеби повеќе од физичката, а екстремно важно е доброто планирање на паузите, вели Стојан во разговорот со Дарко од YouTube каналот Мотори + Пиво + Баскет. Погледнете го видеото на во кое Стојан во детали ги раскажува неговите искуства со овие предизвици, подготовките, неуспшените обиди и секако плановите за оваа година. 

stole video

 

Back To Top