Официјалните информации за почеток на примената на новата категорија 1А (Моторцикли) се во продолжение.

Иако новата категоризација беше најавена во јуни 2019 година, истата излезе во службен весник на 11.06.2019 но сепак до денеска сѐ уште не е во употреба. Според последните информации ова ќе се промени наскоро и од 10-ти месецов на мотоциклите ќе им биде наплаќана патарина согласно новата категоризација.

Прва Категорија А за моторни возила со карактеристики на мотоцикли (со две тркала), се имплементира во системот за наплата на патарина како Категорија 1А и започнува со ефективна употреба и наплата од 10.02.2020 година од 00:00 часот (понеделник, од полноќ)

Во продолжение се цените по Наплатни Станици за надоместок за употреба на пат (патарина)

Патарина Цена 
Романовце   40 денари / 0,50 евра
Петровец   20 денари / 0,50 евра
Сопот  50 денари / 1,00евро
Отовица  50 денари / 1,00 евро
Стоби   40 денари / 0,50евра
Миладиновци  20 денари / 0,50евра
Тетово   20 денари / 0,50евра
Гостивар  20 денари / 0,50евра
Глумово  20 денари / 0,50евра
Желино  20 денари / 0,50евра
Гевгелија  60 денари / 1,00евро

Сепак она што останува проблематично е периодот откако беше објавена одлуката во службен весник па се до имплементацијата на одлуката.

Многумина се пронајдоа во системот на Јавното претпријатие за државни патишта со енормни казни за неплатена патарина, односно износот за патарина со вредност на автомобил плус казна зголемена за 11 пати од вредноста на патарината. Проблемот беше со софтверот кој се користеше на патарините, а за кој беше потребно време за да се надополни и да биде пуштен во употреба. Знаејќи дека одлуката нема да може веднаш да биде спроведена Владата во одлуката го вметна членот 11 во кој стои „...ќе се имплементира во неколку фази во Република Северна Македонија, по создавање на технички услови за нивна имплементација.“

Кај нас возачите пак револтот дојде откако беше објавено дека се намалува патарината за мотоциклите (без притоа да се цитира членот 11 или пак да се дополни објавата дека нема веднаш да биде спроведена), а состојбата на патарините беше наплата по категоризација како за автомобил. 

За да проверите дали ве има во системот на ЈПДП кликнете овде, од полето „Одберете пребарување по билет за ненаплатена патарина или регистарска табличка“ одберете „Број на регистарска табличка“ и во второто поле внесете ја табличката. Доколку се пронајдете можете да ја платите патарината онлајн без казна, системот на јавното претпријатие беше надополнет по реакциите во јавноста и нашето барање за бришење на долговите заради доведувањето во заблуда кај возачите на мотоцикли. 

На состанокот кој се оддржа веднаш по објавата на електронскиот регистар поднесовме две барања, едното до ЈП за државни патишта за бришење на долговите, другото до Владата на РМ за целосна измена на одлуката и изземање на мотоциклите од плаќање на патарина, поддршка на барањето дадоа повеќе од 40 мото клубови и здруженија од земјава (со потписи во прилог) и со вкупно членство од над 3000 мотоциклисти. До денеска немаме добиено одговор на ниту едно од барањата.

Back To Top