Мото клубот Cross Bearers од Велес во недела, 23 август, по петти пат го организира меморијалното мото дефиле во чест и сеќавање на Александар Караколев.
Настанот ја продолжува традицијата со која неговите пријатели, моторџии и почитувачи му оддаваат почит на човекот чија љубов кон моторите, слободата и другарството остави силен белег во мото заедницата во Македонија.
Собирањето е закажано за 18:00 часот во Club House на Cross Bearers MCC, а дефилето ќе започне во 19:00 часот.
Организаторите ги покануваат сите моторџии, пријатели и почитувачи да бидат дел од дефилето и заедно да го исполнат Велес со звукот на моторите во чест на Караколев.
По завршувањето на дефилето, дружењето продолжува во Club House со Breakpoint Band и ладно пиво.
„Возиме за спомен. Возиме за другарство. Возиме во чест на Караколев.“
Организаторите потсетуваат дека возењето без кацига е забрането.

Коментари