(Време на читање: 1 - 2 минути)


Пред нас е уште еден вистински мото викенд исполнет со дружење, добра музика, многу мотори и врвни трки. Домашната мото сцена повторно нуди два големи настани, а на патеката Automotodrom Brno се вози деветата рунда од МотоГП шампионатот.

МК Црни – Мото Фест 2026

Локација: Скопје
Датум: 19–21 јуни
Линк: МК Црни – Мото Фест 2026

МК Црни оваа година го организираат својот втор по ред Мото Фест, кој полека прераснува во еден од најпосетените собири во земјата. Настанот ќе трае три дена и ќе понуди богата програма со рок концерти, камп зона, дефиле низ градот и многу дружење со моторџии од цела Македонија и странство.

Според најавите, очекувај атмосфера во добро познатиот стил на Црни – опуштено, гласно и со многу адреналин.

724527385 122229749096310731 6995639765322479970 n

POTFAT MC – Moto Party 2026

Локација: Дојран
Датум: 19–20 јуни
Линк: POTFAT MC – Moto Party 2026

Во Дојран (Алекс Бич), POTFAT MC ќе бидат домаќини на журка за која не треба многу да се пишува. Како и секогаш, забавите на Потфат привлекуваат голем број клубови и гости. Настанот ќе понуди жива музика, традиционално дружење и многу добра енергија.

POTFAT MC важат за домаќини со одлична организација, па и оваа година се очекува силна посетеност и вистинска мото атмосфера до доцна во ноќта.

FB IMG 1781633729822

MotoGP – Гран При на Чешка

Патека: Automotodrom Brno
Датум: 19–21 јуни
Линк: Распоред за следење на MotoGP Чешка

MotoGP се врати на легендарната патека во Брно минатата сезонаа, а Брно отсекогаш било омилено меѓу возачите и гледачите. Патеката долга 5.4 km со 14 свиоци и големи промени во надморска височина ветува спектакуларни борби. Викендот носи и Tissot Sprint во сабота, а во недела главната трка на 21 круг.

Czechia-GP-Poster

Без разлика дали планираш да возиш до Скопје или Дојран, или пак ќе го следиш MotoGP викендот од дома, пред нас е уште едно мото викенд уживање. Домашната сцена е активна, а на патеката во Брно нè очекува вистински спектакл.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: