Неколкупати имаме пишувано за CRF1000L Africa Twin и мораме да признаеме дека тоа е навистина добра машина. Големиот авантуристички мотоцикл на Honda има добар баланс на моќ и управување. Одличен е за подолги патувања а има и добра репутација за возење на оф роуд патеките.

Но без разлика колку се само авантуристички овие мотоцикли, вистинските сопственици на вакви модели никогаш не би се појавиле со нив на тркачка патека. Како би можел ваков висок и долг мотоцикл да се снајде на патеката?

Многу лесно доколку се најде во рацете на искусен возач. Били Бурк и неговиот 2017 Africa Twin постигнаа резултат кој беше за само минута и половина побавно од рекордот на патеката. Во друго видео тој постигна уште подобар резултат. Резултат кој воопшто не е лош за голем мотоцикл.

Да напоменеме уште еднаш, станува збор за авантуристички мотоцикл опремен со Dunlop D610 Trail Max пневматици! Били вели дека ќе замине во Avon Road Riders веднаш откако ќе се потрошат Dunlop пневматиците. Според досегашниот настап, тоа би требало да се случи многу наскоро.

Веројатно веќе знаете дека вашиот мотоцикл е способен за многу повеќе работи отколку што мислите. Би рекол дека ова видео го докажува тоа.

Back To Top