Легендата не запира тука. Како што најави во својот проштален говор, големиот Rossi е тркач во крвта и ќе продолжи со натпреварувањето, овој пат на 4 тркала.

Valentino Rossi WRT Audi R8 GT3

Транзиција или одвикнување?

Како што на зависникот од дроги му препорачуваат постепено одвикнување на својот организам од тешкa дрогa, заменувајќи му ја со нешто полеснa, така и славниот Италијан си го најде својот Метадон во облик на Audi R8 LMS GT3 подготвен за напад на трката 24 часа Ле Ман. Белгискиот WRT Team е една од опциите кои Vale ги разгледува за продолжување на неговата пост MotoGP кариера. Вчерашните пробни возења со веќе брендираното Audi, може да значи почеток на идна соработка, но и отворање на уште една врата, затоа што тимот се натпреварува и во класата GT3, но и во класата на прототипи LMP2!

Rossi години наназад кокетираше со другите автомото категории, па така сигурно се сеќавате на неговите тест излети со F1 тимот на Ferrari кога во 2004 година на една тест сесија постави време по круг за само 7 дестинки послабо од времето на големиот Michael!? Не ги знаеме условите на тестот и сетапот на самиот болид, но мора да се признае дека тоа е резултат за восхитување. 

Иако тогашните изјави одеа во правец на отфрлање на евентуалното префрлање на Rossi во F1, велејќи дека се работи за строго ревијално возење и забава, сепак темпото покажуваше нешто сосема друго. Никој не вози ревијално со таква сериозна брзина. Едноставно Германецот беше сеуште актуелен првак во освојување на седмата тиитула, додека пак Rossi сеуште освојуваше титули со Yamaha и ја гонеше својата шеста титула. Како да не беа поклопени ѕвездите за префрлање. 

Можеме со сигурност да потврдиме дека скорешното тест возење на F1 болидот на Mercedes AMG во 2019, беше од ревијален карактер, затоа што во денешни услови на лимитарно тестирање сигурно нема лесно да може да му парира на наследникот на Michael, рекордерот Hamilton кој пак постигнуваше солидни времиња на M1-та на Rossi.  

А неговата брзина на 4 тркала воопшто не може да нè чуди затоа што покрај неверојатното чувство за брзина и добрите рефлекси развиени при тркањето со мотори од 250 коња, Rossi се развивал како тркач возејќи и картинзи. 

Редовен гостин е на Monza Rally Show возејќи ја рели верзијата на Ford Fiesta, а можеби сепак генерална проба му беше настапот на трката 12 часа Gulf, која се возеше овој јануари во Бахраин, каде што заедно со неговиот полубрат Luca и неговиот најдобар другар Uccio, го освоија третото место во својата класа зад воланот на Ferrari 488 GT3.

Со евентуална победа на славната трка на издржливост, Италијанецот на некој начин ќе му се приближи на остварувањето на уште една легенда Британецот John Surtees кој е единствен со освоени титули во F1 и MotoGP!

Да му посакаме многу среќа и успех!

Back To Top