(Време на читање: 1 - 2 минути)


Honda започна со емитување на документарна серија посветена на создавањето на V3R 900 E-Compressor, naked мотоцикл кој ветува револуционерни перформанси. Првата епизода, насловена „Инстинкт за предизвик“ (The Instinct to Challenge), го става фокусот на инженерската филозофија и менталитетот на тимот што стои зад овој амбициозен проект.

Централниот дел на овој модел е агрегатот од 900 кубика со V3 конфигурација под агол од 75°, опремен со електронски контролиран компресор. Според Honda, ова е прв систем од ваков вид на мотоцикл, дизајниран да работи независно од вртежите на моторот, со што се елиминираат доцнењата карактеристични за традиционалните системи за натпритисок, притоа овозможувајќи перформанси рамни на агрегат од 1200 кубика.

V3R900

Документарната серија нуди увид во размислувањата на инженерите и менаџерите, нагласувајќи ја корпоративната култура на истрајност. Проектот се темели на верувањето дека успехот е составен од 99% неуспеси, а најголемиот страв на развојниот тим не е самиот неуспех, туку стагнацијата. Целта е да се вратат корените на брендот преку создавање нешто потполно ново, што досега не било достапно за возачите.

Техничкиот развој на овој модел беше јавно проследен во неколку фази. Агрегатот првпат беше претставен на EICMA 2024, додека една година подоцна, на истиот саем во Милано, беше прикажан и комплетниот прототип кој се одликува со решеткаста рамка (trellis frame) и еднострана задна вилушка. Иако официјалното претставување на сериската верзија сè уште се очекува, протечените документи за хомологација сугерираат дека финалниот производ ќе остане многу близок до прикажаниот прототип.

Пријавете се за да ги добивате најважните содржини двапати неделно директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: