Минатата недела Брет Ткакс, познат инструктор и јутјубер објави видео на тема lane splitting или lane filtering, што ако се обидеме да го преведеме ќе дојде како возење меѓу ленти. Еве го видеото подолу а под него следува листа на 5 автомобили од кои треба да се пазите кога возите токму така, меѓу ленти. 

traffic jam cars motorcycle

Бред е инструктор со 27 години искуство и сертификати за повеќе различни типови возење и најважно во оваа ситуација тој е промотер на возењето меѓу ленти. На кратко во видеото аргументира зошто е тоа паметно и корисно и споделува статистика која потрдува дека возењето меѓу ленти го намалува процентот на сообраќајни несреќи помеѓу автомобили и мотори и го намалува сообраќајниот метеж. Секако си има услови во кои возењето меѓу ленти е ефективно и сценарија кога не е. 

Сега кога го изгледа видеото ред е да ја прегледаме и адаптираме на наши услови листата на VisorDown во која се наведуваат 5 автомобили од кои треба да се пазите кога возите меѓу ленти и генерално низ град или населени места. 

1. Оштетени автомобили

Веројатно ова се автомобилите кои најлесно може да се забележат, најчесто се стари, големи и имаат најмалку еден дел, крило или врата, во друга боја или само на кит. Често може да немаат регистарски таблички, комплетно да им фали некој дел или сл. Од далеку се познава дека овие возачи не се грижат многу дали на серијата вдлабнатини ќе има уште една. Возат со помалку внимание и влегуваат почесто во ризични ситуации. Често немаат исправна сигнализација  и немаат поминато технички преглед па не ни можете да претпоставите кога и каде ќе свртат. Вакви автомобили често може да се сретнат по мали населени места, рурални средини, периферните населби на градовите и сл.  

Препорака: Ако забележите ваков автомобил, подобро да застанете, да почекате опасноста да помине па мирно да си продолжите со вашето возење. 

2. Автомобил со принцези и принцови внатре

Да нема недоразбирања, не сакаме да навредиме никого, ама автомобили кои имаат налепница дека внатре се возат деца или дополнително може да забележите дека се полни со плишани играчки на задната даска исто така се потенцијална опасност за моторџиите на патот. Често возат поспоро, што секако не е лоша работа, ама добро е да се очекува тоа, но знаат и да се движат непредвидливо под влијание на бројни различни фактори, вклучувајќи ја и внатрешната контаминација. 

Препорака: Заобиколете ги широко и внимателно. 

3. Рент а кар автомобил

Најчесто бел, со налепница позади. Често може да се забележи во туристички места како талка наоколу барајќи ја вистинската адреса или место за паркирање. Без лутење, сите сме такви кога сме надвор од својата комфорна зона на возење. Ова особено важи кога некој од земја со поразвиена култура во сообраќајот ќе дојде да вози на Балкан. Шок е, им треба на луѓето неколку дена да се адаптираат, имајте разбирање. Детектирајте ги овие возила брзо и внимавајте повеќе. 

Препорака: Не вршете притисок, сменете ја лентата и продолжете со своето возење

4. Достава, карго и достава на храна

Колата е службена, некој чека топла пица, ова му е стотта достава денес, шефот го изнервирал, клиентот не му даде бакшиш, брза да си оди дома... причини ими милион. Ова се луѓе кои се по цел ден во кола и кои трпението одамна го изгубиле. Да бидеме фер, аргумент на нивна страна е дека ако не се однесуваат така веројатно нема да успеат да си ја завршат работата. 

Тука мора да ги спомнеме и сите оние доставувачи со електрични и обични скутери и сл. алтернативни превозни средстава кои имаат голем куфер позади за транспорт на храна. 

Препорака: Тргнете им се од патот. Нека не фе фаќа инает, тие се решени да поминат и ќе поминат, нема потреба од проблеми. 

traffic

5. Такси возила

Да беше во друга земја веројатно тие ќе беа пример за почитување на правизата во сообраќанот, но не и кај нас. За нив веројатно важи се што важи за возилата од точка 1 и 4 со тоа што тука има уште еден фактор, патник. Патникот влегува во равенката како фактор кој може да посака да се симне баш тука на кравина пред самиот семафор или да се качи во такси на сама улица. Како и да е, мора да се биде претпазлив... 

Препорака: нема препорака, пазате се, тоа е. 

Back To Top