Поради пандемијата, двата најважни саеми за мотоцикли беа откажани.

EICMA, која традиционално се оддржува во Милано, беше откажана минатата година а во моментов има најава дека таа оваа година повторно ќе се оддржи во ноември. Но, тоа е настан кој се оддржува во затворен простор и на кој присуствуваат речиси половина милион луѓе. Останува да видиме дали овој саем ќе се оддржи за девет месеци.

Intermot се оддржува во Келн, Германија. Според најавите, настанот нема да се случи се до крајот на 2022-ра година. Да се надеваме дека до тогаш ќе биде дозволено да се мешаме со други луѓе.

Но, пред неколку недели, BMW Motorrad објави дека во иднина нема да биде дел од двата настани.

„Новите дигитални формати ќе го заменат традиционалното присуство на BMW Motorrad на саемите за мотоцикли“, се наведува во соопштението кое го испратија од компанијата.

Intermot 2018 Sc SD 1

Според д-р Маркус Шарман, одговорен во BMW Motorrad, нивната цел е преку дигиталните платформи да го зголемат присуството на луѓето на вакви настани и да ги промовираат производите на компанијата.

Како пример за дигиталниот формат е видеото преку кое беа преставени 2021 BMW S 1000 R и G 310 R моделите. Имам работено на вакви видеа и слободно можам да кажам дека тие чинат многу помалку отколку цената што Motorrad требаше да ја потроши за да присуствува во Милано со цел да ги престави мотоциклите на EICMA.

BMW Motorrad ги претрпе истите проблеми во синџирот на набавка како и останатите компании, но работата на некои сектори не беше толку лоша. Во третиот квартал, за 20 проценти е зголемена доставата  во споредба со 2019-та година. Откако беа принудени да направат промени, компанијата сега гледа од друга перспектива на стандардните работи. „Toa што досега сме имале штандови на EICMA и Intermot  не значи дека е доволно добра причина да продолжиме да трошиме стотици илјади евра на вакви настани.“

Одлуката се однесува на сите сегменти на BMW. Автомобилските брендови, BMW, Mini и Rolls-Royce исто така го намалија присуството на вакви настани. Ваквата одлука сепак не се однесува на BMW North America кои можат да учестуваат на национални и регионални настани.

„Во САД имаме голем успех на виртуелните настани но не е исклучена можноста и да присуствуваме на некои саеми“, вели портпаролот на одделот на BMW за производи и технологија, Олег Сатановски. „Ги разгледуваме сите опции.“

Контактирав и неколку други подружници на BMW во САД но тие засега не сакаат да ги откријат нивните следни потези.

Од Triumph Motorcycles America велат: „Продолжуваме да гледаме на секој настан како на уникатна можност. Во моментов не можеме да кажеме какви промени ќе направиме како резултат на пандемијата“, велат од компанијата.

Маркетинг директорот на Ducati North America, Фил Рид, беше малку поотворен во одговорот. „Со нетрпение го чекаме моментот кога повторно ќе можеме да бидеме дел од ваквите настани“, вели Рид.  Вели и дека минатата година Ducati воспостави безбедносни протоколи наречени „Ducati Cares – Safety First“, и дека се држат до тие правила кога се дел од некој настан.

„Имаме очекувања дека повторно ќе бидеме дел од вакви случувања но и тогаш ние ќе се држиме до нашите но и државните безбедносни протоколи.“

2018 AIMExpo Vegas 2

Настаните во САД се развиваат и се адаптираат

Во САД, American International Motorcycle Expo, обично се оддржува на есен. Тоа е четири дневен настан од кои на првите два дена учествуваат само луѓе од мото индустријата. За време на останатите два дена, вратите се отворени за сите.

Оваа година, организаторите соопштија дека настанот е одложен, дека ќе биде пократок и затворен за пошироката публика. Но, коронавирусот го има последниот збор. MIC и нивниот образовен партнер, Powersports Business, го претворија целиот настан во виртуелен состанок, AIMExpo Connect, кој се оддржа на 21-ви и 22-ри јануари. Беа прикажани голем број на возила, делови и додатоци. Дилерите можеа да ги видат новите производи, да пристапат до специјалните настани и да направат нарачки. Речиси 400 луѓе присуствуваа на работилниците и предавањата кои се оддржаа онлајн. Иако, како што велат од компанијата, ништо не може да ги замени директните контакти, сепак на овој начин многумина заштедија со тоа што е мораа да патуваат до Колумбус, Охајо.

Progressive International Motorcycle Shows (IMS) вообичаено во периодот помеу ноември и февруари поминува низ сите поголеи градови во САД. Обично, овој настан се користи да се привлечат нови возачи во пресрет на сезоната. Но оваа година, наместо да бидат преставени нови модели во средина на зимата, во текот на неколку викенди помеѓу јуни и октомври ќе се оддржат неколку настани на отворен простор.

„Сите кои ќе присуствуваат ќе можат да ги тестираат автомобилите и мотоциклите, да ги видат сите премиум брендови а исто така има можност и за преноќување“, велат од IMS.

IMS Zito 3

Ништо нема да биде исто како порано

Една година подоцна, ова е речиси сигурно. Кога ќе се вратиме по старо, многу од работите кои беа воведени поради коронавирусот ќе останат. Ваквата реалност веќе силно влијае врз авиопревозот и хотелите. Компаниите оддржуваат состаноци преку ZOOM и мали се шансите повторно да почнат да плаќаат скап превоз и сместување за своите вработени доколку треба да одат некаде на состанок. На многу сопственици на компании им стана јасно дека нивните вработени можат да работат од дома и дека со тоа нема да се намали нивната ефикасност. Дури и кога ќе биде безбедно, луѓето ќе продолжат да купуваат онлајн. И во мото индустирјата сега се поставуваат прашања за кои не било разговарано со децении.

За помалку од две недели, Harley-Davidson ќе го претстави најочекуваниот модел за оваа сезона, Pan America авантуристичкиот мотоцикл. Тој настан ќе биде виртуелен.

Традиционално, секое преставување на нов модел има посебна кореографија. Прво, производителите ни откриваат неколку фотографии. Потоа ги покануваат новинарите на специјален настан кој е прилично скап. На последниот ваков настан на кој присуствував, десетици новинари беа однесени на Канарските острови каде беше презентиран 2020 Triumph Rocket 3. Присуствуваше и кинекиот претседател а ресторанот во кој јадевме имаше три Michelin ѕвезди.

Ваквите настани очиглено се скапи. Не знам колку ќе чини презентацијата на Pan America но сигурен сум дека нема да биде исто колку и презентацијата на Rocket 3.

Suzuki press 4

Компаниите сега заштедија голема сума а има и делови од бизнисот кои се подобрија. Сега дури и кога ќе биде безбедно да се патува, не очекувам овие настани да бидат толку чести и гламурозни.

Секое нарушување има победници и поразени

Тука во САД, MIC и IMS имаат импресивни резултати со оглед на тешките услови. Сигурен сум дека AIMExpo сака настанот повторно да се оддржува во затворени простории но не би бил изненаден доколку на посетителите на IMS им се допадне отворениот формат.

Intermot 2018 SD 5

Во однос на традициоланите прес настани. Секогаш ќе ми недостасува можноста да возам на Филип Ајленд или пак Имола. Ќе ми недостигаат тие патувања, иако во реалноста поголем дел од времето поминувате во авион или на аеродром. Без разлика што ќе се случи на крајот, ние ќе продолжиме да ги следиме сите овие настани, бидејќи едноставно, тоа е нашата работа.

Back To Top