Honda, KTM, Piaggio и Yamaha потпишаа договор за креирање на „swappable batteries consortium“.

Негова задача ќе биде да се стандардизираат батериите за електричните мотоцикли. Оваа стандардизација е еден од главните проблеми кај електрификацијата но се чини дека сега тој проблем е надминат.

Главниот проблем кај менувањето на батериите е цената на инфраструктурата. Ако еден производител сака на пазарот да има поголем број на батерии, тоа е скапа инвестиција.

Honda swappable battery

Ако секоја компанија користи различен тип на батерија, тоа истовремено ќе биде скапо и непотребно. Многу подобра опција е една батерија која одговара на неколку мотоцикли.

„За потрошувачите од големо значење е стандардизација на батериите и токму поради тоа, четирите големи производители се одлучија да формираат конзорциум,“ вели Нориаки Абе, преставник на Honda.

„Преку оваа соработка но и натпреварување, за клиентите ќе можеме да обезбедиме подобри продукти. Honda ќе работи напорно со цел уште повеќе да им се допадне на фановите на мотоциклите.“

Honda PCX Electric 02

Но она што е особено интересно во однос на вклученоста на Honda во проектот е тоа дека тие се единствената компанија, од четирите кои се дел од групата, која има сама развиено ваква технологија.

Yamaha претходно склучи договор со Gogoro, Тајванска компанија која долги години е пионер во оваа технологија на Блискиот Исток. Од друга страна, Piaggio има електрична Веспа. Но и двете компании немаат сами развиено ваква технологија.

Ова, исто така, не е ваков прв обид. Во 2020-та година истото се обидоа да го направат Honda, Yamaha, Kawasaki и Suzuki.

Групата ќе почне со работа во мај а првата цел е да се стандардизираат обликот, големината и техничките спецификации со цел ваквиот вид на батерија да биде стандардна како за мопедите така и за мотоциклите.

Honda PCX Electric 01

Четирите производители се надеваат дека на овој начин ќе успеат и да ги намалат трошоците за изработка што пак ќе доведе до помала цена за мотоциклите и инфраструктурата. Но исто така се очекува да се подобри и издржливоста на батериите како и да се направи времето потребно за полнење пократко. Ако го исполнат планот, групата смета дека тоа ќе ги надмине грижите кои постојат кај потрошувачите и ќе не подготви за нов свет во кои главен збор ќе имаат електричните мотоцикли.

Back To Top