Благодарение на Мото Азуро, увозникот на Јамаха за Македонија, имавме прилика да го возиме новиот Yamaha - YS 125

Иако сигурно не може да се опише како секси мотоцикл, сепак Yamaha YS125 отсекогаш исполнувал една важна улога. Постојано е еден од најпродаваните мотоцикли, па така само на улиците низ Европа има продадено повеќе од 15 илјади примероци, YBR е одличен мотоцикл за сите оние возачи кои се со ограничен буџет како и дозвола за возење. Сега, во 2018 година, Yamaha одлучи да го поднови YBR. Тој не само што е во согласност со Euro 4 стандардот туку има и нов по спортски изглед. Покрај сето ова, тој доби и ново име.

yamaha ys125 2018 52

Под целиот оклоп на мотоциклот се наоѓа подобрена верзија на YBR125. Во суштина, моторот е истиот SOHC кој има два вентили и воздушно ладење но сега има додадено нов цилиндер. Шасијата и суспензијата во главно не претрпеа никакви промени.

Yamaha го зголеми резервоарот за гориво за дополнителен еден литар, а исто така е подобрена и позицијата за возење, седиштето е сега високо 795 милиметри, а додаден е и нов систем за сопирање.

Euro 4 стандардот бара од мотоциклите со зафатнина од 125cc да имаат ABS или пак сопирачки со кабел. Како и кај повеќето поевтини мотоцикли така и кај овој модел, Yamaha се одлучи за верзијата со кабел. Наречен „Unified Braking System (UBS)“, сопирачката кај стапалото е поврзана со предниот , главен цилиндар. Двата системи се активираат кога има притисок на задната сопирачка.

Дали е подобар од ABS сопирачките? Секако дека не. Дури и на почеток ќе ви биде помалку чудно со оглед на тоа кога ја притискате задната сопирачка ќе почуствувате промена на притисокот и на предната сопирачка. Но факт е дека системот одлично си ја врши работата.

Лесно може да се види зошто YBR125 е толку популарен низ градовите. Со тежина од само 129 килограми, YS125 е лесен и агилен. Почнете да го возите овој мотоцикл малку побрзо од 70 километри на час, и веднаш ќе ја видите неговата намена.

YS125 е мотоцикл кој можете да си го дозволите за сите дневни градски активности, она за што всушност е направен и тоа е навистина импресивно. Како и неговите евтини ривали и тој е изработен во Кина. Но тоа што на резервоарот стои логото на Yamaha ви дава дополнителна сигурност бидејќи знаете дека зад квалитетот стои Јапонскиот производител. На крајот на денот, YS125 е токму она што отсекогаш бил YBR125, основно превозно средство кое ќе ве пренесе од една до друга локација без разлика дали грее сонце или пак врне дожд.

Back To Top