Временските услови во неделата на 17.02.2008 не дозволуваа организирано да се собереме на заедничко возење, но сепак решивме да го искористиме снегчето и да го испробаме ендуро моделот на JAWA во класата од 125сс...
Се рaботи за ендуро/крос модел, со зафатнина од 124сс, сила од 9,4 kW кој и покрај надпросечно тешкиот тест возач ( “yours truly” ) лесно се соочуваше со нагорнините на и надвор од асфалтот, на падините на Водно, поточно до средно Водно, со попатни off road кратенки, па до Св. Пантелејмон и назад.
JAWA Sport 125 одлично се управува на асфалтот, кој иако беше покриен со 1-2 см. снег, не предизвика подлизгување на тркалата и губење на контролата, дури и на поострите кривини, каде намерно малку го исфорсиравме, нормално со крајно внимание. Дури и неколкуте обиди со нагло кочење со предната кочница не предизвика некои сериозни и страшни последици, па со мала корекција на управувачот, моторот си остана на својата патека. Изборот на задната гума (Mitas C-01) е одличен и дава доверба дека ке ве извлече од секаква подлога, додека предната (Heidenau K 35) иако одлично си ја врши работата и безкомпромисно го држи правецот, чисто заради изгледот не ќе беше лошо да биде со малку подлабок крампон.
Што се однесува до off road возењето, за што овој модел и првенствено е наменет, верувам дека секој ке се изненади од силата на моторот, кој со мали залети е спремен на секоја угорнина...Само предлагам внимателно...затоа што од местото каде што ми требаше 10-тина минути да се искачам, ми требаа 30-тина за да се симнам (конкретно ливадата и шумичката над Св. Пантелејмон)...
За крај, да заклучиме дека се работи за модел и машина кои потекнуваат од производител со повеќе од 80 години традиција, кои уверуваат дека моторот ке си ја заврши работата и ќе ве однесе на посакуваното место...
Технички карактеристики:
JAWA SPORT 125 |
|
Мотор |
|
Тип |
124 cc; 4-тактен; воздушно ладење |
Пренос |
5 – брзини, ланец |
Цилиндри |
1 |
Поврт и од |
56,5 x 49,5 mm |
Максимална сила |
9,4 kW/8200 min-1 |
Обртен момент |
9,2 Nm/7000 min-1 |
Степен на компресија |
9 : 1 |
Шасија |
|
Предна суспензија |
Телескопски виљушки 170 mm од |
Задна суспензија |
Централен амортизер 150 mm од |
Предна кочница |
Хидрауличен диск 220 mm |
Задна кочница |
Хидрауличен диск 180 mm |
Предни / Задни гуми |
3 x 19 / 3,5 x 16 |
Димензии |
|
Висина на седиште |
830 mm |
Меѓуосовинско растојание |
1330 mm |
Тежина |
99 kg |
Зафатнина на резервоарот |
6,5 l |
Резерва |
1,2 l |
Палење |
Електрично + курбла |
Фелни |
Жичани |
Максимална брзина |
108 km/h |



Увозник: АС Моторс
ул. Водњанска бр. 60, (локал 3)
Скопје
Телефон: 075/ 451 547